Емотивната изјава на таткото кој 18 дена пред пештерата во Тајланд го чекал својот син


Емотивната изјава на таткото кој 18 дена пред пештерата во Тајланд го чекал својот син

emotivnata-izjava-na-tatkoto-koj-sedel-18-dena-pred-peshterata-vo-tajland-chekajkji-si-go-sinot-01.jpg

За среќа 12-те момчиња и тренерот, кои беа заробени речиси 3 седмици во поплавената пештера во Тајланд, сега се на на безбедно.

Но, за време на овој период, кога не се знаеше дали ќе се пронајде начин како да бидат спасени, нивните родители минаа низ вистински хорор и минаа денови и денови молејќи се пред пештерата за доброто на своите малечки.

emotivnata-izjava-na-tatkoto-koj-sedel-18-dena-pred-peshterata-vo-tajland-chekajkji-si-go-sinot-02.jpg

Adisak Wongsukchan е татко на 14-годишниот Akarat, кој беше заробен од пештерата. Тој минал 18 дена чекајќи пред пештерата.

Вели дека бил загрижен за неговиот син, како ќе јаде, како ќе живее, дека сакал да го прегрне и да му каже дека е среќен што е жив.

emotivnata-izjava-na-tatkoto-koj-sedel-18-dena-pred-peshterata-vo-tajland-chekajkji-si-go-sinot-05.jpg

Емотивниот татко вели дека им е благодарен на сите личности кои ги запознал за време на ова тешко искуство и со еден потег ја покажа својата грижа не само за својот син, туку и за сите деца.

„Им ветив на другите родители, на тие што нивните деца не излегоа веднаш, дека ќе чекам со нив и ќе си одам кога ќе си одат и тие. Нема да ги напуштам иако мојот син излезе. Ќе минеме низ сè заедно“, изјави тој по спасувањето на неговиот син.

emotivnata-izjava-na-tatkoto-koj-sedel-18-dena-pred-peshterata-vo-tajland-chekajkji-si-go-sinot-03.jpg

Спасувачката мисија за извлекување на децата се одвиваше на 8, 9, и 10-ти јули и сега сите се на безбедно. Момчињата и тренерот беа заглавени во пештерата од 23-ти јуни.

emotivnata-izjava-na-tatkoto-koj-sedel-18-dena-pred-peshterata-vo-tajland-chekajkji-si-go-sinot-04.jpg

С. С.| Црнобело

Би можело да ве интересира:

Исповед на жена болна од рак: „Станав посилна, сфатив дека животот е з... Ема Јанг од Велика Британија ја раскажува приказната за својата борба со ракот с...
Опасни патишта од кои ќе ви застане здивот ако треба да поминете низ н... Неверојатните пејзажи од природата низ светот претставуваат предизвик за оние ко...
Го изгубил семејството на 10 години: Факти за тренерот на момчињата ко... Веќе неколку недели вниманието на светот беше свртено кон 12-те момчиња и нивнио...