Возење по папучи - 50 евра: Колку чинат казните во Грција?

Кога тргнувате кон Грција со автомобил вреди да ги знаете сите можни прекршоци и сообраќајни закони, бидејќи казните може да ве чинат колку цел одмор.

vozenje-po-papuci-50-evra-kolku-cinat-kaznite-vo-grcija-01.jpg

Со оглед на тоа што неодамна казните во Грција се зголемија и контролата на безбедност стана поригорозна, бидете внимателни.

Почитувајте ја забраната за разговарање на мобилен, секогаш имајте противпожарен апарат и секако – проверувајте ја брзината.

Доколку изнајмувате автомобил или мотор, доколку немате соодветна опрема, изговорот „не знаев, турист сум“ нема да ве спаси.

Подетално, колку може да ве чинат прекршоците во Грција?

Паркирање на недозволено место – 40 до 80 евра + одземање на дозволата на 10 дена + одземање на табличките на 20 дена

Паркирање на место означено за лица со посебни потреби - 150 евра + одземање на дозволата на 10 дена + одземање на табличките на 10 дена

Пречекорување на брзината - од 40, па до 750 евра + одземање на дозволата до 60 дена доколку имате пречекорено над 30km/h од дозволената брзина

Незаврзан појас на возач - 350 евра + одземање на дозволата на 10 дена

Незаврзан појас на совозач - 350 евра

Непочитување на пешаците – 200 евра

Возење под дејство на алкохол:

Од 0,5 до 0,8 промили – 200 евра

Од 0,8 до 1,1 промили – 700 евра + одземање на дозволата до 90 дена

Преку 1,1 промили – 1.200 евра + одземање на дозволата до 180 дена

Користење на мобилен телефон додека возите – 100 евра

Возење по папучи – 50 евра

Поминување на црвено светло - 700 евра + одземање на дозволата на 20 дена + одземање на табличките на 20 дена

Игнорирање на СТОП знак - 700 евра + одземање на дозволата на 20 дена + одземање на табличките на 20 дена

Доколку во автомобилот имате уред за блокирање на радарите - 2.000 евра + одземање на дозволата на 30 дена + одземање на табличките на 60 дена

vozenje-po-papuci-50-evra-kolku-cinat-kaznite-vo-grcija-03.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“ Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Н...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
„Ќе се венчам сама со себе по развод и неколку неуспешни врски – си купив и свршенички прстен“ „Кога им кажав на блиските, мислеа дека сум полудела, што беше очекувано. Но, шт...
Љубовта на норвешкиот фудбалер Халанд - на девојката фудбалерка ѝ купи чанта од 380.000 евра, растел... Тие се моќно модно дуо, а нивната љубовна приказна е уникатна – се познаваат од ...
„Ќерка ми загина неколку дена пред 3-иот роденден, врз неа падна комода од 30kg – родители бидете по... „Се случи многу брзо и многу тивко. Се случи нешто незамисливо. Вината и срамот ...
Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...

Најчитани неделава