6 земји во кои паузата од работа е најдолга
- Детали
- вторник, 14 август 2018
Ако кај нас за полно работно време од 8 часа следува пауза од 30 минути, тогаш подгответе се да бидете малку љубоморни на луѓето кои работат во следниве 6 земји во светот.

Каде паузата од работа, односно паузата за ручек е најдолга?
Шпанија – 3 часа
Шпанската siesta не е шега. Во Шпанија, компаниите прават пауза најчесто од 14 до 17 часот попладне.

Грција – 3 часа
Исто како и во Шпанија, така и во Грција паузата трае од 14 до 17 часот попладне.

Франција – 2 часа
Во Франција се одмора од работа и се руча од 14 до 16 часот.

Кина – 2 часа
Вработените во Кина имаат исто така долга пауза, која обично трае од пладне до 14 часот попладне. Тие дури успеваат и да дремнат по ручекот.

Бразил – 2 часа
Во Бразил состаноците се одвиваат околу 10:30 – 11:00, а потоа се земаат два часа слободни за ручање.

Италија – 90 минути
Во Италија потребен е час и половина за „на раат“ да може да одморите од работата и да ручате во локалните ресторани.

М. Д. | Црнобело