Себастијан Курц лета со нискобуџетни компании - добро би ни дошле повеќе вакви политичари (фото)

Ретки се политичарите кои се сметаат за еднакви со народот и се свесни дека токму народот ги ставил на позицијата на која се, а Себастијан Курц дефинитивно е еден од нив.

sebastijan-kurc-cheka-vo-red-za-komercijalen-let-povekje-vakvi-politichari-kje-ve-molam-02.jpg

Деновиве на социјалните мрежи вирално кружи објавата на Никола Грубишиќ. Тој е само еден обичен човек, што видел, за денешни услови, необична ситуација која е доказ дека сите политичари не треба да ги ставаме во ист кош. За среќа.

И додека повеќето од политичарите се со носот во облаци, ослепени од моќ, алчни по власт и пари, патуваат строго со прва класа и мислат дека се подобри од сите останати, односно од народот кој ги изгласал, постојат и такви кои остануваат човечни, кои не забораваат дека народот ги направил тоа што се и ги ставил на функцијата на која моментално се наоѓаат.

sebastijan-kurc-cheka-vo-red-za-komercijalen-let-povekje-vakvi-politichari-kje-ve-molam-05.jpg

sebastijan-kurc-cheka-vo-red-za-komercijalen-let-povekje-vakvi-politichari-kje-ve-molam-04.jpg

Таков е австрискиот канцелар Себастијан Курц. Тој е забележан како се вози на нискобуџетен лет во економска класа на авионската компанија „Eurowings“, без делегација и осигурување.

sebastijan-kurc-cheka-vo-red-za-komercijalen-let-povekje-vakvi-politichari-kje-ve-molam-03.jpg

Летот на релација Барселона - Виена доцнел два часа, а политичарот, како и сите останати патници, уредно си чекал.

sebastijan-kurc-cheka-vo-red-za-komercijalen-let-povekje-vakvi-politichari-kje-ve-molam-01_1.jpg

Кога влегол во авионот бил препознаен од страна на некои патници, па со насмевка на лицето се сликал со нив. Потоа, кога слетал го чекало обезбедување, но тој од авионот излегол заедно со сите останати патници, без туркање преку ред и помпа.

Патникот што ја уловил ситуацијата со својот телефон прави паралела помеѓу останатите умислени политичари и австрискиот канцелар и тука веќе сè е јасно, зарем не?

Гласаме за повеќе вакви политичари, кои ќе ни ја вратат вербата дека тие се рамо до рамо со нас и целта им е да се борат за наше заедничко подобро утре, а не само за свое.

Инспиративната објава што се прошири вирално:

data-width="630" data-show-text="true">
class="fb-xfbml-parse-ignore">

I tako sjednem ja sinoc na let iz Barcelone za Bec, putujem niskotarifnom kompaniom (Eurowings), kad ulazi neka poznata...

Posted by Nikola Grubišić on Saturday, August 18, 2018

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Зошто бившиот сопруг сè уште ја посетува Андреа Јејтс, 25 години откако таа ги удави нивните 5 деца ... На 20 јуни 2001 година, домаќинката Андреа повикала полиција и признала пред пол...
На 19 години зборува над 5 јазици, ќе го изгуби престолот ако добие брат: Која е Леонор, идната крал... Постарата ќерка на кралот Фелипе и кралицата Летиција од Шпанија веќе активно се...

Најчитани неделава