Плажи кои ќе ги снема

plazi-koi-ke-gi-snema-povekjeЗамислете вашата омилена плажа до следната година да биде уништена од ерозија, бетонирање или пак еколошка катастрофа каква што го снајде Мексиканскиот залив.

 

Иако веројатноста дека тоа нема да и се случи на вашата омилена плажа е голема, сепак голем број плажи во светот ќе исчезнат.

Ви ги претставуваме најубавите плажи на светот кои е многу веројатно да ги снема во брзо време.

Малдиви

Единствената низа на корални гребени на кои се наоѓаат некои од најексклузивните хотели во светот, наскоро би можеле да отидат под нивото на морето доколку не се запре подигањето на нивото на океаните.

Со просечна надморска височина од само 1 метар, Малдивите, според проценката на стручњаците може да завршат под море до крајот на овој век.

plazi-koi-ke-gi-snema-1

Некои геолози тврдат дека островите составени од корали ќе се регенерираат побрзо од брзината на растот на нивото на морето. Но, подигањето на температурата на океаните (што е уште една последица од глобалното затоплување) го спречува развојот на коралите.

Гоа

Иако има околу 7.000 км брег, Индија не ги привлекува посетителите со убавите плажи колку што ги привлекува со храмовите и палатите. Причината е можеби во тоа што брегот е занемарен.

plazi-koi-ke-gi-snema-2

Дури 25% од брегот се бори со ерозија предизвикана од подигање на нивото на морето, крадење на песокот, како и со градењето на стотина нови пристаништа.

Во популарната Гоа (бивша португалска колонија), која го стекна името како енклава на хипиците и модерна туристичка дестианција, овој проблем е најголем. Речиси целиот брег еродирал, а на некои места фали и по 20 метри површина.

Фу Куос, Виетнам

Мирниот тропски остров на северозападниот брег на Виетнам е оаза на речиси празни бели плажи, неасфалтирани улици и едноставни бунгалови без многу туристи.

plazi-koi-ke-gi-snema-3

Иако посетителите го опишуваат како целосно спротивен на познатиот Пукет, виетнамската влада баш тука планира да го направи новиот ‘Пукет’.

Бизнис плановите претставени во мај оваа година предвидуваат туристички центар, меѓународен аеродром, пристаништа, коцкарници и 7 милиони посетители до 2030 година.

Мароко

Иако можеби мислите дека пустинска земја како Мароко има доволно песок за сите, кражбата на песок во Мароко е сосема нормално нешто. Машините копаат дупки во песочното тло како би го искористиле песокот за правење на цемент, оставајќи позади себе огромни кратери како оние на Месечината.

plazi-koi-ke-gi-snema-4

Поголеми кражби на песок се забележани во триесетина земји, меѓу кои Камбоџа, Јамајка и Австралија, но стручњаците предуредуваат дека најкритично е во Мароко каде со години се краде на големо. Дините покрај малите морски градови Ларачеа и Кентире се потполно уништени.

Мулинс Беј, Барбадос

Поголемиот број карипски острови се до некој степен зафатени од ерозија. Како земја зависна од туризмот, Барбадос е свесен дека мора да го заштити својот брег, но некои обиди само ја влошиле состојбата.

plazi-koi-ke-gi-snema-5

Локалните чувари на природата сметаат дека ерозијата е дополнително поттикната од морските ѕидови и браната подигната на западната страна на брегот каде се наоѓаат повеќето луксузни вили и скапи хотели.

Би можело да ве интересира:

Маж кој преживеал рак на града споделува искуство: „По мастектомија, следеше пеколна година со хемот... „Без мастектомија и хемотерапија, ми рекоа дека ми останува една година живот“, ...
Земјотрес од 6,9 степени на Филипини: Девојки панично бегаат од натпревар за убавина, деца загинале ... Поради земјотресот на Филипини има 69 загинати и речиси 150 повредени а надлежни...
Непријатна сцена: На мисица ѝ испаднаа забните навлаки среде обраќање на сцена (видео) Кога ќе ти се случи најлошото можно сценарио, но ти ќе се справиш како кралица.....
Филмско апсење во Будимпешта: Маж украл картичка на Џони Деп и потрошил 700.000 долари, актерот не н... Маж од Унгарија речиси две години правел трансакции со податоците од кредитната ...
Крис Мартин од Coldplay се обрати на фан за скандалот со љубовниците: „Фала што дојде пак по дебакло... „Ти беше и на концертот во Бостон... Фала што дојде пак по дебаклот што се случи...
Фотки од последното летување на принцезата Дијана – далеку од кралските правила, ужива во ретки моме... Стилска, безгрижна и совршена без разлика дали е во костим за капење или облека ...

Најчитани неделава