Зошто речиси половина од младите Јапонци не стапуваат во сексуални односи?

Јапонија се соочува со сериозен пад на наталитетот и владата смислува низа мерки за да ја среди ситуацијата.

zoshto-rechisi-polovina-od-mladite-japonci-ne-stapuvaat-vo-seksualni-odnosi-01.jpg

Веќе некое време на Јапонија ѝ се предвидува национална катастрофа поради тоа што младите луѓе во Јапонија сè помалку стапуваат во сексуални односи и паднат е наталитетот.

Всушност, во оваа држава толку многу се избегнува секс што една истражување покажало дека една третина од Јапонците во нивните 30-ти години немале сексуално искуство.

Во документарниот филм „Sex in Japan: Dying for Company“ откриено е дека половина од младите Јапонци се невини и поради напорното професионално темпо немаат време за градење на блиски односи со други луѓе, остануваат девици и се задоволуваат со порнографија и секс роботи.

Околу 44% од немажените жени во Јапонија и 42% од неженетите мажи признале дека се девици во истражување во 2015 година.

zoshto-rechisi-polovina-od-mladite-japonci-ne-stapuvaat-vo-seksualni-odnosi-03.jpg

Една од главните причини е тоа што работат речиси по цел ден и немаат време за состанување. Еден од учесниците во документарниот филм изјави: „Треба да завршам во 19 часот со работа, но всушност работам прекувремено речиси секој ден. И кога се социјализирам тоа е со мојот шеф. Морам. Тој нарачува пијалак, нарачувам и јас бидејќи тоа се очекува од мене.“

zoshto-rechisi-polovina-od-mladite-japonci-ne-stapuvaat-vo-seksualni-odnosi-02.jpg

Колку повеќе алтернативи за секс има во земјата, толку мажите и жените помалку имаат потреба за партнер. Но, земјата страда поради драстично намалениот наталитет.

Погледнете го целиот документарец:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум експерт за интимни односи и сум спиела со повеќе од 400 клиенти - Како изгледа мојата работ... „Мојот прв клиент беше неверојатна личност која цел живот се чувствувала многу с...
Се онесвестуваат, плачат: Тајландската лотарија за служење војска стана вирална (видео) Во Тајланд секоја година се одржува лотарија за служење војска. Мажите на возрас...
„Ми изгоре целото лице откако другар истури бензин во логорски оган – ми паѓаа парчиња кожа додека м... Млада девојка од САД го споделува своето страшно искуство за да ја зголеми свесн...
Застрашувачка снимка од несреќа во забавен парк – се скрши реквизит во воздух, 23 луѓе се повредени Најмалку 23 луѓе завршија повредени, откако за време на возење на реквизит во ви...
„Се разведов од првата сопруга што не ми готвеше, сега сум во земја - порно рај, каде втората сопруг... „Тука во Тајланд животот е подобар, жените се поубави, порелаксирани и ги извршу...
Млад јутјубер (22) загина во Индија додека снимаше видео во брза река: Зошто младите одат до екстрем... По трагичната смрт на 22-годишен јутјубер од Индија, повторно се отвора дебатата...

Најчитани неделава