Приказна за француското село Орадур-Сур-Глан и мрачната страна на војната

Секое место во светот испишува посебна приказна за своето постоење. Оние со трогателен тоналитет засекогаш остануваат впиени во свеста на човекот. 

prikazna-za-francuskoto-selo-oradur-sur-glan-i-mracnata-strana-na-vojnata_11.jpg

Едно такво место е француското село Орадур-Сур-Глан, во кое на 10 јуни 1944 година во окупираната Франција е извршен масакар. Грозоморниот настан бил извршен од страна на Шуцштафел – голема безбедноста и паравоена организација на Национал-социјалистичката германска работничка партија и Нацистичка Германија или позната како Вафен-СС каде биле убиени 642 житела, вклучувајќи жени и деца.

Историјата за овој настан гласно раскажува дека на 10 јуни, баталјонот на Дикман направил грешка, сметајќи дека Орадур-Сур-Глан е Орадур-Сур-Виена. На мештаните од страна на Германците им било наредено да се соберат на селскиот плоштад, со изговор дека ќе се вршело контрола на документите.

Додека жените и децата биле затворени во црквата, мажите биле сместени во амбари, каде прво им пукале во нозете, а потоа кога сите биле испопаѓани на земја ги полиле со бензин и ги запалиле. Кога веќе ги убиле мажите се упатиле спрема црквата.

По палењето на религиозниот објект, жените и децата почнале да бегаат, но во истиот миг и тие биле стрелани.

prikazna za francuskoto selo oradur sur glan i mracnata strana na vojnata 8

Речиси и да немало преживеани, освен неколкумина. Овој настан, според изјавата на Дикман било одмазда поради активностите против Германците.

Кратко време по завршувањето на Втората светска војна, било изградено ново село, но тогашниот претседател Шарл де Гол наредил уништеното село да биде оставено како вечен отпечаток и музеј, кој ќе ги потсетува луѓето за ужасната страна на војната.

prikazna za francuskoto selo oradur sur glan i mracnata strana na vojnata 1

Масакарот за Орадур-Сур-Глан инспирирало голем број на уметници да творат за селото наквасено со крв и за вресокот на болката. Ова е само една од многуте настани, кои зборува за суровоста на човечката природа.

prikazna za francuskoto selo oradur sur glan i mracnata strana na vojnata 9

prikazna za francuskoto selo oradur sur glan i mracnata strana na vojnata 9

prikazna za francuskoto selo oradur sur glan i mracnata strana na vojnata 9

prikazna za francuskoto selo oradur sur glan i mracnata strana na vojnata 9

prikazna za francuskoto selo oradur sur glan i mracnata strana na vojnata 9

prikazna za francuskoto selo oradur sur glan i mracnata strana na vojnata 9

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Обучена е да ги заштити децата во терористички напад, забранет ѝ е еден збор - Која е дадилката на к... Многумина сметаат дека не постои подобра дадилка во светот од Марија Тереза и то...
Маж и жена се свршија на врвот на Емпаер Стејт Билдинг, па ги уапсија (фото+видео) Ангела и Иван се познати „зависници од адреналин“ кои редовно се искачуваат на о...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...
„Ќерка ми загина неколку дена пред 3-иот роденден, врз неа падна комода од 30kg – родители бидете по... „Се случи многу брзо и многу тивко. Се случи нешто незамисливо. Вината и срамот ...

Најчитани неделава