Жена поради претерана употреба на телефонот завршила со парализирани прсти

Технологијата ни го олеснува животот, но во голема мерка влијае и негативно на нашето здравје, а овој случај е доказ за тоа.

zhena-postojano-go-upotrebuvala-telefonot-i-zavrshila-so-paralizirani-prsti-01.jpg

Дали на моменти ве загрижува времето минато пред електронски екрани во текот на денот? Како да почнавме да се будиме и да заспиваме со телефоните во рака.

Постојано разгледуваме што има ново на социјалните мрежи, иако не наоѓаме ништо корисно, а станавме зависни и од игри. Една жена во Кина поради зависноста од телефон завршила дури и на лекар.

Во текот на едната седмица одмор од работа таа најголемиот дел од времето го минала со телефонот во рака. Го оставала само кога одела на спиење. Почнала да страда од сериозна болка во десната рака и наскоро не можела да ги мрда прстите.

zhena-postojano-go-upotrebuvala-telefonot-i-zavrshila-so-paralizirani-prsti-02.jpg

Отишла на преглед и докторот ѝ дијагностицирал теносиновитис - воспаление на тетивите и околните обвивка.

За среќа, по третманот жената можела повторно да ги мрда прстите и си заминала дома со предупредување редовно да прави паузи од користење на нејзиниот паметен телефон.

Треба малку да се замислиме, зарем не?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Камила ја презирала Кејт Мидлтон – сметала дека е многу „обична“ за Вилијам, ја понижила пред свадба... „Камила цврсто стоеше на ставот дека идниот крал на Англија треба да се венча со...
Маж и жена се свршија на врвот на Емпаер Стејт Билдинг, па ги уапсија (фото+видео) Ангела и Иван се познати „зависници од адреналин“ кои редовно се искачуваат на о...
Над 20 години ја држела како робинка за да ѝ го чисти домот: Детали за случајот што го згрози светот Повеќе од 25 години, жена од Англија која требало да се грижи за девојка со проб...
„Доста ги фалите!“ - Мрачната страна на Швајцарците - шетаат излитени, дома им е хаос и се скржавци „Одaт по улица излитени, чудно облечени, децата им се секогаш со нос што тече и ...

Најчитани неделава