Никој не ја заклучува вратата – ова е најбезбедната држава за живеење во светот

37.000 жители на површина од 160 km2. Лихтенштајн се вбројува во една од најмалите држави во светот, но нејзината предност, покрај фактот што изгледа бајковито, е безбедноста со која се одликува.

Ova-e-najbezbednata-drzava-za-ziveenje-vo-svetot-01.jpg

Во Лихтенштајн практично нема криминал. Последното евидентирано убиство се случило во 1997 година, а во државата има само неколку затвореници.

Секој кој е осуден на казна затвор подолга од 2 години заминува да ја отслужи во Австрија. Луѓето се чувствуваат толку безбедно, што воопшто не ги заклучуваат влезните врати.

Ova-e-najbezbednata-drzava-za-ziveenje-vo-svetot-02.jpg

Пред 5 години било возможно да ја изнајмите целата држава на една ноќ. Во соработка со сервисот за сместување Airbnb бил понуден капацитет за 150 гости, дегустација на вина со принцот и изработка на персонализирани банкноти, секако со привремен карактер. Задоволството чинело 70.000 долари.

Химната на Лихтенштајн „Oben am jungen Rhein“ ја има потполно истата мелодија како и химната на Велика Британија „God Save the Queen“.

Ova-e-najbezbednata-drzava-za-ziveenje-vo-svetot-03.jpg

Официјалниот јазик е германски, но жителите одвај и да го зборуваат. Поголемиот дел се служат со алеманскиот дијалект, многу поразличен од стандардизираниот германски јазик.

Поради неуспешноста на 3 референдуми, сè до 1984 година жените во Лихтенштајн немале право на глас за време на изборите. Референдумот за промена на ова прашање бил успешен дури по четвртиот обид со 51,3% гласови за.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вознемирувачки сцени: 12 фото-докази од Скопје и светот, во какво лудо време живееме Светот како пред очи да ни оди во неповрат, а ние навистина живееме во лудо врем...
Порано се срамела, сега гордо го покажува – Девојката со најширок јазик во светот Во детството ја исмејувале и луѓето постојано ѝ коментирале за широкиот јазик, п...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...
Најстарата жена во светот има 116 години: Се родила кога владеел пра-прадедото на кралицата Елизабет... Со своите 116 години, Етел од Англија е најстарата жена во светот. Се родила пре...
Над 20 години ја држела како робинка за да ѝ го чисти домот: Детали за случајот што го згрози светот Повеќе од 25 години, жена од Англија која требало да се грижи за девојка со проб...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...

Најчитани неделава