Блогерка обвинета што се сликала пред воз кој се движи, за добра Инстаграм фотка

Иако обожаваме да ги гледаме совршените фотки од патувања на Инстаграм блогерите, сепак мора да признаеме дека нешто не е во ред со денешните модерни патувања.

blogerka-obvineta-shto-se-slikala-pred-voz-koj-se-dvizhi-za-dobra-instagram-fotka-shto-ne-e-vo-red-so-modernite-patuvanja-01.jpg

Многу често, тие ги ризикуваат своите животи, или пак прават нешто да не изгледа опасно и го прикажуваат во погрешно светло за останатите кои всушност може да настрадаат.

Токму со таква причина е обвинета блогерката, која на Инстаграм е позната како @oneoceanaway_.

Таа има живеено во Австралија, Шпанија, Шведска и Германија и објавува фотки од сите патувања низ светот на нејзиниот профил.

Овојпат, таа објавила фотка на пазарот Maeklong Railway во Тајланд, низ кој има пруга, на која таа се фотографира пред воз кој се движи, а во описот напишала:

„Сите велеа дека е многу опасно тоа што го правам. Тие ги држеа нивните мобилни и снимаа колку бавно се движи возот со 5 km/h, додека на мене ми врискаа велејќи дека сум во ризик. Да бидеме искрени, на таа брзина, дури и желка ќе се спасеше...“

blogerka-obvineta-shto-se-slikala-pred-voz-koj-se-dvizhi-za-dobra-instagram-fotka-002.jpg

И додека сите туристи во гужвата од страните се со извадени мобилни телефони за да го фотографираат возот, блогерката претерала со тоа што позирала пред него, а многумина ја нападнале за опасната фотографија:

„Не треба да го промовираш ова. Даваш погрешен впечаток за безбедност и некои луѓе може да ги следат твоите стапки и да настрадаат правејќи го истото. Сум била таму и иако возот навистина се движи бавно, сите треба да се тргнат од пругата кога тој доаѓа.“

„Иако фотката е совршена, сепак од фотографија не може да се забележи дали возот се движи бавно или брзо. Луѓето лесно може погрешно да ја сфатат идејата и да ја повторат било каде. Во Холандија луѓето секојдневно се убиваат така што скокаат пред возови. Пругите не се наменети за да одиме по нив, независно колку бавно се движат возовите.“

Блогерката првично не ги прифати критиките и им одговори на сите велејќи дека нема никаква опасност:

„Прво, ова не е воопшто опасно, второ, не сум прва и нема да бидам ни последна која се слика овде или на други опасни места. Наша работа е да бидеме свесни за опасностите и границите. Дури и ако јас не се сликав вака, некој друг ќе го направеше тоа. Не сум човек што презема големи ризици за слика, ја ценам мојата безбедност и живот. Имајте убава недела!“

Потоа, очигледно ја сфатила грешката и објавила нова фотка во која признава дека прикажала погрешен впечаток и им се извинила на сите, а фотката која предизвика бура критики, ја отстранила од нејзиниот профил.

Што мислите вие за ова и колку далеку одат блогерите во денешниот свет за добра Инстаграм фотка?

Погледнете повеќе фотки од блогерката:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Маж и жена се свршија на врвот на Емпаер Стејт Билдинг, па ги уапсија (фото+видео) Ангела и Иван се познати „зависници од адреналин“ кои редовно се искачуваат на о...
На 2 години беше оставен да умре, денес го викаат „малиот Пикасо“ - Се сеќавате ли на момчето спасен... „Кога го видовме, мирисаше на смрт. Бев сигурна дека ќе ми почине во раце. Но, с...
Ги викаа „најубавиот италијански пар“ - По разводот тој откри дека покажувале лажна среќа на Инстагр... Раперот признава дека чувствува гадење кон својот минат живот, кога играл улога ...
„Ќерка ми загина неколку дена пред 3-иот роденден, врз неа падна комода од 30kg – родители бидете по... „Се случи многу брзо и многу тивко. Се случи нешто незамисливо. Вината и срамот ...

Најчитани неделава