Како изгледа 6-метарската елка на кралицата Елизабета украсена со 7.000 сијалички и кралски декорации? (фото)

Официјално, празничната сезона започна и во кралското семејство, а елката на кралицата Елизабета во Виндзор замокот е накитена.

kako-izgleda-6-metarskata-elka-na-kralicata-elizabeta-ukrasena-so-7-000-sijalichki-i-kralski-dekoracii-foto-01.jpg

Холот на Виндзор замокот како и секоја година, и сега повторно го краси 6-метарска елка, на која светкаат 7.000 сијалички.

Покрај со сијалички, елката е декорирана со прекрасни златни украси, меѓу кои и многу кралски елементи во форма на круна.

За декорирањето бил потребен ден и половина и персонал кој со помош на високи скали ја накитил елката за празничната атмосфера во замокот да започне.

Уште една елка е поставена во Crimson Drawing собата која кралицата Елизабета ја користи за приватни настани, а елката е декорирана со црвени и виолетови лампиони кои се во склад со боите на просторијата.

kako-izgleda-6-metarskata-elka-na-kralicata-elizabeta-ukrasena-so-7-000-sijalichki-i-kralski-dekoracii-foto-02.jpg

Иако кралицата не поминува многу време во овој замок за празниците, туку е на празничен одмор во Сандрингем со принцот Филип и други блиски членови на семејството, сепак традиционално, секоја година имаме увид во празничната атмосфера во Виндзор.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кејт Мидлтон со круна на принцезата Дијана, Доналд и Меланија главни гости: Како помина раскошниот б... Во замокот Виндзор се одржа државен банкет во чест на американскиот претседател ...
„Црвениот ѓавол“, арогантен сноб - Кои се најомразените членови на кралското семејство (и зошто)? Принцот Ендру се качил на покривот на Бакингемската палата да ја помести антенат...
На 19 години зборува над 5 јазици, ќе го изгуби престолот ако добие брат: Која е Леонор, идната крал... Постарата ќерка на кралот Фелипе и кралицата Летиција од Шпанија веќе активно се...
Меланија Трамп ги засени сите на раскошната вечера со кралот и кралицата во Белата куќа – ја спореду... На раскошната вечра во Белата куќа каде почесни гости беа кралот Чарлс и кралица...
На чај со Доналд и Меланија, па раскошна забава во градина: Кралот Чарлс и Камила на гости во САД За пречекот на кралскиот пар, Меланија избра костим со здолниште во путер жолта ...
Камила ја презирала Кејт Мидлтон – сметала дека е многу „обична“ за Вилијам, ја понижила пред свадба... „Камила цврсто стоеше на ставот дека идниот крал на Англија треба да се венча со...

Најчитани неделава