21-годишна девојка објави фотка во бикини со целулит и откри како си го засакала телото

Девојка која шири позитива и нема комплекси, објавува фотки на Инстаграм во кои си го покажува целулитот, кој некогаш го презирала.

21-godishna-devojka-objavi-fotka-vo-bikini-so-celulit-i-otkri-kako-si-go-zasakala-teloto-01.jpg

Ariella Nyssa е 21-годишна девојка од Сиднеј, која објаснува дека порано имала токсична „врска“ со сопственото тело, но сега ги охрабрува сите да си го засакаат телото и да се чувствуваат удобно во сопствената кожа.

Таа често објавува фотки на Инстаграм во пози каде во преден план е целулитот и сите несовршености на телото и признава дека тоа се токму такви фотки кои порано би ги анализала предолго време и би ги презирала.

Негативните мисли за нејзиното тело ѝ го оптоварувале умот, додека целосно не се исцедила емотивно и физички.

„Се изгладнував, бев постојано на диети, но конечно сфатив дека омразата кон она што општестово го гледа за неатрактивно, ме води сè повеќе кон депресија, анксиозност и мизерија. Зошто треба да живеам во страв од моето тело? Ве охрабрувам, верувајте во моќта на вашите недостатоци.“

Таа ги советува сите девојки да почнат да го почитуваат своето тело, стриите, целулитот и нерамнините, бидејќи само тогаш ќе почувствуваат колку е животот навистина убав и ќе станат незапирливи.

Иако добива многу критики за нејзините фотографии и несовршеното тело, таа повеќе не потпаѓа под влијание на лошото општество и го живее животот онака како што сака.

Па девојки, сакајте се, правете го она што ве прави среќни и носете облека во која се чувствувате прекрасно!

Погледнете дел од нејзините фотки - што мислите во ред ли е и покрај немањето комплекси, да се објавуваат толку фотки со нагласени делови од телото?

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Девојка од Велика Британија за својот бизнис во Дубаи: „Изнајмувам луксузни јахти, 24/7 добивам пови... „Цените на изнајмување започнуваат од 100 евра до 6.000 евра на час, во зависнос...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...

Најчитани неделава