Риба со бела крв, забрана за кучиња: Интересни факти за Антарктикот
- Детали
- сабота, 16 февруари 2019
Дали сонувате да го посетите Антарктикот? Овој континент е изолиран и полн мистерии.

Кога некој ќе спомене Антарктик, што помислувате? Голем студ, мраз, пингвини и изолација...
Овој огромен континент е полн со мистерии.
Факти за Антарктикот:
Oд 1994 година на Антарктикот е забрането чување на кучиња затоа што може да носат микроорганизми, кои може да наштетат на локалната флора и фауна, а забраната се однесува и на други животни и растенија.

Од 1995 година се одржува годишен маратон на температура од -20°C.

Металика е првиот бенд кој настапуваше на сите 7 континенти, а концертот на Антарктикот им беше во 2013 година, каде 120 луѓе ја слушаа нивната изведба во живо.
На Антарктикот е пронајдена единствената риба на светот со бела крв, во чија крв има специјална состојка која спречува крвта да ѝ смрзне во ледено студената вода. Имаат и специјално прилагодена кожа.

Антарктикот не припаѓа никому и затоа не ви е потребна виза за да одите таму, само пасош и специјална дозвола.

Toa е единствениот континент на кој нема рептили, мравки, грмушки и дрвја.

Во истражувачки центар на Антарктикот има традиција на гледање на филмот „The Shining“ и сите 3 верзии на филмот „Something“ секоја зима, а во филмовите се говори за луѓе на кои нешто лошо им се случува во снегот.

Прочитајте и 12 неверојатни работи кои ќе ги искусите ако одите на крстарење на Антарктикот!
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија)
Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
Тинејџер од Русија си ја пиел крвта и завршил во болница - сакал да си ја лекува анемијата, „советот...
17-годишно момче од Русија пробало да си ја лекува анемија пиејќи ја својата крв...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ...
Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“
„Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“
„Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ...
„Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...