Скокаат пред возови, грешките се кријат под украсна хартија: Јапонците не се толку богати, учтиви и среќни како што мислите

Елиот Чен, Кинез којшто живее во Јапонија реши да сподели неколку вистини во врска со земјата, народот и животот во неа. Тој ја открива мрачната страна на Јапонија којашто туристите воопшто не ја забележуваат, ниту пак некогаш ќе ја видат, со оглед на фактот дека само ја посетуваат и по одредено време си заминуваат од земјата.

Japoncite-ne-se-tolku-bogati-srekni-nitu-uctivi-01.jpg

Ова се само дел од неговите согледувања и мисли во врска со Јапонија и животот таму:

„Бидејќи имам девојка Јапонка, учам јапонски и го поминувам голем дел од времето во Јапонија (дури и сега сум таму), решив да го изложам моето мислење бидејќи активно поминувам низ шокот од секојдневното побивање на моите мислења во врска со Јапонија.“

„Јапонија е земја каде што грешките се кријат под слоеви на украсна хартија и повеќето странци толку многу уживаат во пакувањето што не стигнуваат ни да го отворат пакетот.“

1. Јапонија е богата земја

На прв поглед, кога турист ќе ги види светлата на Shinjuku, лесно е да помисли дека Јапонија е богата земја. Почнувајќи од вкусната храна, па сè до автоматизираните тоалети, сите тие работи се многу убави, совршени и модерни.

Но, доколку почнете да копате подлабоко ќе се соочите со шокот дека многу Јапонци се на пат кон сиромаштија.

Japoncite-ne-se-tolku-bogati-srekni-nitu-uctivi (1).jpg

Japoncite-ne-se-tolku-bogati-srekni-nitu-uctivi (6).jpg

(Анегдота: Еднаш престојував цела вечер во манга кафе, бидејќи го испуштив последниот воз. Манга кафеата се евтини установи во вид на кутија, коишто имаат компјутер, пијалаци, па дури и тушеви за оние што одат таму да читаат манга и да одмараат.

Сепак, кога се разбудив утрото во 7 часот, сфатив дека многу од луѓето околу мене всушност живеат во овие кафеа. Тие се разбудија, се облекоа и отидоа на работа. Некои од овие луѓе можеби беа заглавени патници како мене, но рутината којашто ја имаа во подготвувањето за на работа во ова кафе јасно покажуваше дека многумина работат на привремени работни места во потрага по егзистенција.)

Japoncite-ne-se-tolku-bogati-srekni-nitu-uctivi (5).jpg

Просечните плати во Јапонија стагнираат, па дури се и во регресија во изминатите две декади. Долгот на Јапонија е двојно поголем од БДП, проследен со рецесија којашто нема изгледи да престане.

Доколу излезете од големите градови како Токио, брзо ќе сфатите дека Јапонија умира. Цели градови стануваат „затворени градови“ каде што сите продавници се затворени со ролетни бидејќи немаат доволно промет. Малите бизниси не можат да се натпреваруваат со модерните ланци на продавници и ресторани околу железничките станици и полека се истиснуваат од промет.

Јапонија е ужасно место за да бидете претприемач. Малите бизниси и иновативното размислување се здробени од ригидните структури на работното место и од стравот од неуспех.

Japoncite-ne-se-tolku-bogati-srekni-nitu-uctivi (4).jpg

Јапонија веќе не може да се натпреварува со глобалниот пазар. Таа се збогати кога платите беа ниски. Но, сега со порастот на Кина и остатокот на Азија, ригидните политики на Јапонија и повисоките плати од остатокот во светот, прават нивните производи да бидат тешки за продажба. 

Дури и забавната индустрија е глобално преземена од Кореја. Јапонците се лоши во учењето и зборувањето на англискиот јазик. Јапонија не ги поттикнува странските работници да емигрираат во земјата, дури и ги обесхрабрува. Таа е внатрешно ориентирана и нефлексибилна кога се работи за експанзија и отворање кон остатокот од Азија, а особено кон остатокот од светот.

2. Јапонскиот народ е учтив и фин

Јапонците се учтиви во специфични ситуации. Тие се дефинитивно фини кон странците и гостите. Помалку се добри кон послугата и оние коишто се во инфериорна позиција, ова особено може да се забележи во корпорациите.

Ја сум Кинез. Моите пријатели белци се најдобро третирани од Јапонците. Кога не зборувам, ме третираат како Јапонец. Кога зборувам лошо јапонски, тогаш ме третираат малку полошо. Индијците и црнците се третирани најлошо. Тие се дискриминирани и иако ретко кој Јапонец ќе ви признае, тие не се посакувани во Јапонија.

Japoncite-ne-se-tolku-bogati-srekni-nitu-uctivi (3).jpg

Japoncite-ne-se-tolku-bogati-srekni-nitu-uctivi (7).jpg

Живеам во заедничка куќа со повеќе Јапонци. Тие ретко зборуваат меѓу себе. Не сакаат да се гледаат со други и избегнуваат да се сретнат со другите во ходникот. 

Јапонците имаат проблем да комуницираат со непознати. Едноставно не знаат како да се однесуваат, бидејќи нивното општество не го охрабрува тоа дружење. Или сте пријател, фамилија или сте слуга, надреден.

Јапонците имаат термин за нивното лице за во јавност, она кога се смеат и поклонуваат на туристите: tatemae. Туристите и странците ретко го гледаат искреното лице или honne.

3. Јапонците се среќни

Најчесто не се. Едноставно не го покажуваат тоа толку отворено како странците. Сепак, да се биде несреќен е некултурно. Тие имаат лажна насмевка и тежок карактер, којшто иако е за восхит, сепак знае да ги уништи оние коишто не можат да го издржат.

Стапката на самоубиства во Јапонија е огромна. Луѓе редовно скокаат пред возовите. Тоа се случува толку често што дури владата ја казнува фамилијата на оној што ќе го направи тоа.

Japoncite-ne-se-tolku-bogati-srekni-nitu-uctivi (2).jpg

Постои цела генерација на мажи, познати како Soshoku Danshi или тревопасни мажи, коишто всушност се имаат откажано од брак и љубов. Не можат да си дозволат таков луксуз, не сакаат да работат до смрт за да одржуваат фамилија, па наместо тоа имаат разни хобија или аниме или интернет за да го пополнат слободното време. 

Ова не е некое чудно малцинство, ова се повеќе од 50% од мажите од 20 до 30-годишна возраст.

Japoncite-ne-se-tolku-bogati-srekni-nitu-uctivi (8).jpg

Иако Чен ги открива некои од нajмрачните тајни на Јапонија, тој сепак вели дека има и многу работи коишто ќе ве натераат да ја засакате оваа земја.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Маж се вљубил во жена со џуџест раст - свекрвата не сакала да ја прифати затоа што е висока колку 2-... „Ако Брајан е среќен со тебе и ако се сакате, јас сум пресреќна“. Со овие зборов...
„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
„Добив сепса додека бевме на одмор - мораа да ми ги ампутираат и рацете и нозете за да ме спасат“ „По девет недели во кома, лекарите ме разбудија. Најпрво бев во делириум и кажув...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
Жена ја оставила ќерка ѝ (5) сама во хотел на Мајорка за да се забавува: „Пиеше од утро до мрак, тур... Негрижата на мајка од Ирска ја разбранува јавноста – 45-годишната жена била на о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg