Направена е првата кукла со аутизам - 9-годишно момче е инспирација

Сега сите дечиња со аутизам ќе може да си играат со куклата која личи на нив, но и дечињата без аутизам да си ги прошират хоризонтите дека различноста е во ред.

momche-e-inspiracija-da-bide-napravena-prvata-kukla-so-autizam-01.jpg

Хајден Герахти e 9-годишно момче со аутизам кое не зборувало до 4-годишна возраст и оттогаш неговите говорни способности ненадејно почнале да се развиваат со брзина на светлината.

Ова мало инспиративно момче со својата промена ја импресионирало компанијата за играчки Lottie Dolls да направи кукла инспирирана од него.

momche-e-inspiracija-da-bide-napravena-prvata-kukla-so-autizam-04.jpg

Првата кукла со аутизам е астронаут во сино одело со штитници на ушите и очила за сонце за да се справи со чувствителноста кон звуци и светлина. Мини Хајден куклата, официјално наречена „Finn Boy Doll“ има и куче помошник за во тешки ситуации, како и картички за помош при комуникација со пријателите.

momche-e-inspiracija-da-bide-napravena-prvata-kukla-so-autizam-02.jpg

Хајден е опседнат патувањата во вселената и токму кога гледал еден филм за вселената за првпат изговорил цела реченица, открива неговата мајка. Оттогаш неговите говорни способности се развивале со неверојатна брзина.

momche-e-inspiracija-da-bide-napravena-prvata-kukla-so-autizam-03.jpg

Куклата, инспирирана од ова момче со аутизам, сега е достапна за сите деца и е порака дека е различноста е во ред.

Прочитајте и 4-годишно момче со Даунов синдром стана модел и го освојува светот!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“ Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники –...
Тинејџер од Русија си ја пиел крвта и завршил во болница - сакал да си ја лекува анемијата, „советот... 17-годишно момче од Русија пробало да си ја лекува анемија пиејќи ја својата крв...
Меланија Трамп ги засени сите на раскошната вечера со кралот и кралицата во Белата куќа – ја спореду... На раскошната вечра во Белата куќа каде почесни гости беа кралот Чарлс и кралица...
На 2 години беше оставен да умре, денес го викаат „малиот Пикасо“ - Се сеќавате ли на момчето спасен... „Кога го видовме, мирисаше на смрт. Бев сигурна дека ќе ми почине во раце. Но, с...
Меланија Трамп „мрзне“ во балетанки, Кејт Мидлтон во чизми – двете дами сами на дружба: „Посреќна е ... „Меланија изгледа многу посреќно тука, треба да си остане кај нив“ – пишуваат во...
Родена во куќа од кал, уапсена е за наркотици, а сега е најмоќната жена на светот: Која е првата дам... Силија Флорес не е претседател на Венецуела, не седи на официјалната фотелја на ...

Најчитани неделава