Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Уништени плажи, повредени и жртви - Катастрофално невреме на Халкидики, Грција (фото+видео)

Грција објави вонредна состојба по катастрофалното невреме кое го зафати Халкидики, во кое се уништени многу плажи, објекти, а за жал, има многу повредени и жртви.

unishteni-plazhi-povredeni-i-zhrtvi-katastrofalno-nevreme-na-halkidiki-grcija-foto-video-01 (1).jpg

Вчера на краците во Грција имало страшно невреме, со обилни дождови, силен ветар и поплави, кои резултирале со уништени објекти и автомобили, руинирани плажи, паднати дрвја, повеќе од 100 повредени луѓе и за жал, 6 загинати туристи.

Според грчката полиција, помеѓу загинатите се двајца постари туристи од Чешка кои настрадале во камп приколка, жена и 8-годишно дете од Романија загинале откако врз нив се срушил кров од ресторан, а маж и момче од Русија настрадале од срушено дрво.

Иако во последно време речиси секоја година има големи невремиња  сепак според многумина, ова е најсилно во последниве неколку години, а Грција прогласи вонредна состојба на Халкидики.

Невремето ги зафати Пефкохори, Калитеа, Неа Мудања, Неа Потидеа, Никити, Сарти, Неос Мармарас, Порто Карас и уште многу други места на краците, па доколку имате блиски кои моментално летуваат на Халкидики, стапете во контакт со нив.

На голем дел од местата моментално нема струја и вода, иако ситуацијата со невремето е стабилизирана, но се очекуваат повторни дождови.

На социјалните мрежи се шират фотки и видеа кои туристите ги споделуваат од невремето и ден потоа – погледнете дел од нив:

/" data-width="630" data-show-text="false">

Νεα Καλλικράτεια πριν 15 λεπτα

Posted by Chris Paras on Wednesday, 10 July 2019
/" data-width="630" data-show-text="false">
Εικόνες καταστροφής από τον Ίασμο Ροδόπης

Στον Ίασμο η βροχή «κατέβασε» όλη τη λάσπη από το βουνό, κι έτσι πλημμύρισαν κεντρικοί δρόμοι, ενώ παρασύρθηκαν και αυτοκίνητα. Αναλυτικό ρεπορτάζ εδώ: https://bit.ly/30uiFb2

Posted by Χρόνος Εφημερίδα on Wednesday, 10 July 2019

Во продолжение фотки од страшното невреме: 

М. М. | Црнобело / Фото: Фејсбук групи

Би можело да ве интересира:

Откорнати покриви, милиони луѓе без струја - Застрашувачки видеа од ураганот Милтон во Флорида Петти пат годинава, САД се соочува со ураган. Милтон ја погоди Флорида која пред...
Детали за најсмртоносниот пожар во дискотека во Бразил во 2013-та: Настанал од пиротехника, загинале... Во 2013 година, Бразилците се соочиле со слична трагедија како ние деновиве. Во ...
Дел од најголемите трагедии со пожари од поново време Во 2023 година, на свадбена прослава во Ирак настана оган поради пиротехника при...
„За малку можел да се спаси“ – Што знаеме за трагичната смрт на британскиот доктор во Грција? Британскиот доктор и водител Мајкл Мозли беше пронајден мртов на малиот грчки ос...
Дубаи – спектакуларно шоу со огномет, Вухан – со балони: Како градовите низ светот ја дочекаа 2025 г... Огномет над Бранденбуршка порта во Берлин, 2025-та испишано на Триумфална капија...
Маж заглавен во делот за рачен багаж во авион, по силни турбуленции: „Патниците без појас излетаа од... На лет од Шпанија до Уругвај, авион се соочил со интензивни турбуленции поради ш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg