Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како изгледа Пенис паркот во Јужна Кореја со бизарни статуи насекаде? (фото)

Во Јужна Кореја има бизарен тематски парк исполнет со скулптури од пенис, а луѓето навистина го посетуваат и прават смешки фотки кои не се срамат да ги објават на социјалните мрежи.

kako-izgleda-penis-parkot-vo-juzhna-koreja-so-bizarni-statui-nasekade-foto-01.jpg

Покрај прекрасната глетка од природа, она што најмногу остава впечаток во бизарниот Haesindang парк во Јужна Кореја се многуте скулптури од пенис.

„Гуглав што да посетам кога ќе патувам во Јужна Кореја и додека пребарував, покрај фотките од храмови и национални паркови, се појавија огромни статуи од пениси.

Јас сум голем фан на азиските туристички атракции, па овој пенис парк ми стана топ приоритет. Бев малку збунет додека бев таму, но местото има генијална цел. “ – изјавил австралиски фотограф.

kako-izgleda-penis-parkot-vo-juzhna-koreja-so-bizarni-statui-nasekade-foto-02.jpg

Всушност статуите се изградени за да го одржуваат среќен духот на почината девица.

Според стара трагична легенда, една девица била оставена на карпа во море додека маж ѝ работел. Подоцна, тој не можел да се врати по неа заради невреме и жената се удавила.

По нејзината смрт, локалците не можеле да опстанат бидејќи немало риби за ловење, а многумина претпоставиле дека нејзиниот дух е причината за тоа.

Еден ден, рибар уринирал во водата и потоа успеал да улови риба, по што бизнисот со рибите се вратил во селото, па се сметало дека е заради тоа што ја изложиле девицата на машки гениталии.

За да го задоволат нејзиниот дух, биле направени неколку дрвени статуи во пенис, а подоцна тоа прераснало во цел парк.

Погледнете како изгледа Пенис паркот со повеќе од 300 статуи – би го посетиле ли?

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кафе со шеќерна волна и уште 15 фото-докази колку уникатна земја е Кина Во трговски центар има „остава за мажи“, односно место каде жените може да си ги...
Бизарниот „харем од мајки“ на Илон Маск: Им нудел милиони долари на жени за да му раѓаат деца, памет... Според последната жена која излезе со тврдење дека родила дете од Илон Маск, мил...
Потег за восхит: Бразилец посадил 40.000 дрвја во Сао Паоло и направил зелена оаза среде градот (фот... Бизнисмен од Бразил поминал 20 години садејќи дрвја покрај брегот на река во Сао...
Најубавиот Арап на светот: Тврди дека го протерале од Дубаи затоа што е премногу згоден, успеал да г... Со својата убавина „маѓепсува“ жени ширум светот. Со измама дошол до титулата „н...
„Бев во Северна Кореја како турист – Ким Џонг Ун го гледаат како бог, не смеев сам да одам ни до тоа... Јутјубер од Англија ја посетил Северна Кореја и открива дека не смеел да зборува...
Дечко од Велика Британија ја запроси саканата со напис на овен (фото) „Па, ова не е баш тоа што го очекуваш кога ќе тргнеш да бараш овца на рид, но......

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg