Маж ѝ праќа „секси“ фотки на својата девојка додека чисти низ домот
- Детали
- понеделник, 02 септември 2019
Секој од нас си има разни фантазии, но овој маж дефинитивно е фантазија за сите жени. Мајкл Унк почнал да ѝ праќа „секси“ фотографии на својата девојка на кои се гледа како ги мие садовите, мети, брише прашина, го чисти тоалетот...
Фотографиите ги објавува со описот „Како да ѝ испратите секси фотографија на вашата дама“, а жените ширум светот дефинитивно се согласуваат со него. Истовремено, речиси секоја жена што ги видела неговите фотографии изјавила дека неговата девојка е навистина среќна што го има.
Некои отишле дотаму и ги нарекле фотографиите еден вид предигра, а без разлика како ќе ги нарекувате вие, мора да признаете дека дечкото е уникатен и знае како да ја освои девојката.
Би можело да ве интересира:





