Канбера стана првиот град во Австралија што ја легализира марихуаната за рекреативна употреба

После гласањето во вторникот навечер, Канбера стана првиот австралиски град што ќе ја легализира марихуаната за рекреативната употреба.

kanbera-stana-prviot-grad-vo-avstralija-shto-ja-legalizira-marihuanata-za-rekreativna-upotreba-01.jpg

Од 31-ви јануари 2020-та година, полнолетните жители на Канбера ќе можат да поседуваат до 50 грама сушена марихуана и да одгледуваат 2 растенија, односно 4 по домаќинство.

kanbera-stana-prviot-grad-vo-avstralija-shto-ja-legalizira-marihuanata-za-rekreativna-upotreba-02.jpg

Сепак, пушењето на јавно место ќе остане забрането, како и продавањето или давањето семе за растенија. Ова е малку нелогично, бидејќи на некој начин, Австралијанците ќе треба да го прекршат законот за да можат да почнат со одгледување.

Според австралиската влада, марихуаната е најкористената забранета супстанца. Во периодот 2017-2018 година, биле направени над 72.000 апсења поврзани со поседување марихуана. 92% од уапсените ја консумирале.

kanbera-stana-prviot-grad-vo-avstralija-shto-ja-legalizira-marihuanata-za-rekreativna-upotreba-03.jpg

Во Нов Зеланд пак, поседувањето марихуана е сè уште нелегално, но следната година се очекува референдум за легализирање.

Ако Нов Зеланд ја легализира марихуаната, тоа ќе биде само третата држава во светот, после Уругвај и Канада, што ќе го направи тоа. Во 9 држави во САД е дозволена рекреативната употреба на марихуана, а истата е декриминализирана во многу делови од Европа.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нов бизарен потег на Трамп - не ѝ ја пушта раката на Брижит Макрон при ракување 13 секунди (вирално ... Во една пригода Трамп зборуваше дека Брижит се однесува „исклучително лошо“ кон ...
Си го сменила презимето и побегнала во Париз: Која е тајната ќерка на Владимир Путин? Владимир Путин нема потврдено, но не ни негирал дека има 22-годишна ќерка која ј...
Ги викаа „најубавиот италијански пар“ - По разводот тој откри дека покажувале лажна среќа на Инстагр... Раперот признава дека чувствува гадење кон својот минат живот, кога играл улога ...
Родителите ѝ се бегалци од Босна, беше во врска со синот на Шумахер - Која е новата девојка на Јаник... Откако живееше со дански фудналер, а потоа го следеше синот на Михаел Шумахер на...
Убави вести од земјите ширум светот што можеби сте ги пропуштиле Бројот на заболени од рак на грлото на матката во Австралија значително се намал...
Кој е новиот министер за здравство на Унгарија, што ја освои јавноста со победничкиот танц? (видео) Новиот министер за здравство на Унгарија, д-р Жолт Хегедуш, првпат ги покажа тан...

Најчитани неделава