90-годишни баба и дедо го израдувале нивниот правнук со роденденска фотосесија како од цртаниот филм „Up“

Постои ли подобар роденденски подарок од тематска фотосесија со ликовите од омилениот цртан филм? Да постои, ако во неа се вклучени оние најсаканите.

5-godishno-momche-i-90-godishni-baba-i-dedo-oblecheni-kako-likovi-od-crtaniot-film-„Up“  01 630x340.jpg

Петгодишниот Елаја Перман, облечен како Расел и неговите 90-годишни прабаба и прадедо Ричард и Керолин Бејн, облечени како Карл и Ели Фредриксен од анимираниот филм „Up“ од 2009 година, станаа вистинска фото атракција ширум целиот свет. 

Приказната ја раскажува мајката на Елаја која всушност е вновникот за оваа фотосесија, фотографката Рејчел Перман.

„Елаја е многу посебно дете. Тој е навистина опседнат со цртаниот филм „Up“ и тоа во континуитет од неколку години.

Овој цртан е единственото нешто што тој сака да го црта и бои и единствените книги што сака да ги чита се токму оние со негова поврзаност.

Минатата година бевме во Дизниленд и посака само една играчка. Погодете која?”

5-godishno-momche-i-90-godishni-baba-i-dedo-oblecheni-kako-likovi-od-crtaniot-film-„Up“  02 630x340.jpg

И покрај тоа што неговите прадедо и прабаба никогаш не го гледале филмот, Рејчел вели дека тие веднаш ја прифатиле понудата и започнале со подготовки и снабдувања на сите материјали што им биле потребни за фотографиите.

„Дедо дури замина во потрага по ново сако и бастун“, раскажува Рејчел. Тој рече: „Забележав дека речиси на сите фотографии Карл држи бастун во раката”.

Сѐ било изработено до најмал детаљ, со многу љубов и внимание кои всушност ја прават оваа приказна толку посебна.

Погледнете ги извидничките беџови, специфичноста на куќичката, па дури и начинот на кој овие неодоливи „актери“ ги прикажуваат ликовите.

5-godishno-momche-i-90-godishni-baba-i-dedo-oblecheni-kako-likovi-od-crtaniot-film-„Up“  03 630x340.jpg

„Откако ѝ ја соопштив идејата на баба таа рече: Ајде да го гледаме филмот и да видиме за што станува збор!, вели Рејчел, а откако завршивме со фотосесијата низ насмевка изусти: Во секој момент чекаме повик од Холивуд!“

Извонредната мајка-фотографка објаснува дека сакала да направи нешто посебно за родендените на своите деца оваа година, затоа што не била сигурна дека ќе може да присуствува на истите.

„Ми дијагностицираа карцином веднаш откако се породив со близнаците Елаја и Емили. Се прашував дали воопшто ќе го видам нивниот петти роденден“, изјавува Рејчел.

„Ова е прослава за мене и за нив“.

5-godishno-momche-i-90-godishni-baba-i-dedo-oblecheni-kako-likovi-od-crtaniot-film-„Up“  04 630x340.jpg

Близначката сестра на Елаја, Емили одбра тематска фотосесија во која таа е принцеза и позира покрај бел коњ украсен со цвеќиња, со импровизиран рог.

5-godishno-momche-i-90-godishni-baba-i-dedo-oblecheni-kako-likovi-od-crtaniot-film-„Up“  05 630x340.jpg

Рејчел ги сподели фотографиите на Фејсбук веднаш по нивното реализирање и за неполн час фотографиите собрале повеќе од 2.000 лајкови и голем број на позитивни реакции и коментари.

Поради огромната популарност со која се здобија, во нивниот дом секојдневно пристигнуваат разни подароци, а натписите во весниците и на веб-порталите за нив веќе се секојдневие. 

5-godishno-momche-i-90-godishni-baba-i-dedo-oblecheni-kako-likovi-od-crtaniot-film-„Up“  06 630x340.jpg

Едно е сигурно, 90-годишните супер прабаба и прадедо Ричард и Керолин ни покажаа што значи забава и млад дух, мајката Рејчел нѐ научи што е тоа безусловна љубов, а малите Елаја и Емили добија роденденски подарок кој никогаш нема да го заборават.

5-godishno-momche-i-90-godishni-baba-i-dedo-oblecheni-kako-likovi-od-crtaniot-film-„Up“  07 630x340.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивно видео: Девојче со тешки изгореници на главата конечно има коса - мајка ѝ ја донираше својат... „Преубава си Ем... Можеме да правиме плетенки, да врзуваме опавче, сè што сакаш“...
„Никогаш веќе нема да учествувам во Secret Santa на работа – купив скап подарок, а добив кутија чоко... „Знам дека е Божиќ, некои луѓе можеби нема да добијат ниту еден друг подарок, па...
Емотивно видео: Детенце го поканило Ед Ширан на 6-тиот роденден – Пејачот го изненади со подарок и с... Кога Ед Ширан дознал дека детенце сака тој да присуствува на неговиот 6-ти роден...
„Во младоста донирав сперма - Дознав дека сум татко на 37 деца откако ме контактира едно од нив“ Питер Еленштајн од Лос Анџелес е човекот на кого една порака на Фејсбук му го пр...
„На 15 години избегав од најозлогласениот култ – Нè камшикуваа и бев силувана“ „Морав да избегам пред да наполнам 16 бидејќи тогаш си присилена на секс, без ко...
Девојката со најдолги нозе во светот: „Ме споредуваат со чудовишта од хорор филмови, но сакам што су... Мејси Курин е висока 208 сантиметри, а нејзините нозе се долги 1,3 метри. Таа ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg