Стакло на маса од IKEA се скрши „само од себе“ - Мајка шокирана споделува снимки од камерата во собата на бебето

30-годишната Хана Сванкот од Англија била шокирана кога стаклото на нејзината маса од Ikea се скршило без никаква причина.

majka-shokirana-otkako-bez-prichina-i-se-skrshilo-stakloto-na-masa-od-ikea-01.jpg

Хана само што ја заспала нејзината 6-месечна ќерка и отишла на долниот кат од куќата во кујната. Во тој момент слушнала нешто на бебе мониторот што ѝ звучело како експлозија.

majka-shokirana-otkako-bez-prichina-i-se-skrshilo-stakloto-na-masa-od-ikea-03.jpg

Загрижената мајка веднаш истрчала горе и открила дека звукот бил од кршењето на стаклото на нејзината тоалетна маса од IKEA, за која платила 85 фунти. Звукот од пукањето на стаклото бил толку силен, штобебе мониторот го регистрирал од долниот кат.

majka-shokirana-otkako-bez-prichina-i-se-skrshilo-stakloto-na-masa-od-ikea-02.jpg

Хана вели дека на подот имало толку многу срчи, што на почетокот мислела дека се скршил прозорецот.

Загрижената мајка вели дека ја споделува оваа приказна за да ги предупреди другите купувачи во IKEA.

„Ако ќерка ми беше таму во моментот, сега сигурно ќе бевме во болница.“

majka-shokirana-otkako-bez-prichina-i-se-skrshilo-stakloto-na-masa-od-ikea-05.jpg

majka-shokirana-otkako-bez-prichina-i-se-skrshilo-stakloto-na-masa-od-ikea-06.jpg

Хана споделила и снимка од безбедносната камера за нејзиното бебе, на кое се гледа како нејзиното малечко се буди од звукот од „експлозијата“.

Благодарение на овој настан, Хана открила дека од продавницата и претходно имале проблеми со нивните маси. Всушност, изминативе неколку години, многу купувачи се имаат пожалено дека стаклото од масите на Ikea се кршело без предупредување.

majka-shokirana-otkako-bez-prichina-i-se-skrshilo-stakloto-na-masa-od-ikea-04.jpg

Во врска со непријатниот случај, се огласиле и од IKEA:

„Безбедноста на нашите продукти е секогаш најголем приоритет и сите наши производи се тестираат според сите глобални и национални стандарди. Стаклото е убав, но кршлив материјал, а токму поради ова секогаш употребуваме калено стакло.

Со текот на времето, малите удари и пукнатини можат да влијаат врз издржливоста на каленото стакло и тоа може да се скрши. Оваа маса има калено стакло кое е дизајнирано на тој начин што кога ќе се скрши, ризикот од повреда е најмал.

Јасно ни е дека ова искуство може да биде вознемирувачко и сме во контакт со купувачот за дополнително да ја истражиме ситуацијата.“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...

Најчитани неделава