„Сакаме финансиска независност“ - Принцот Хари и Меган се повлекуваат од кралска должност

Вчеравечер, Хари и Меган предизвикаа вистинска бура кога изјавија дека планираат да се повлечат од нивните кралски должности.

sakame-finansiska-nezavisnost-princot-hari-i-megan-se-povlekuvaat-od-kralskata-dolzhnost-01.jpg

Одлуката била донесена без знаење на кралицата, принцот Чарлс или принцот Вилијамс, кои наводно првпат ја слушнале веста на телевизија.

Хари и Меган само што се вратија од 6-неделниот одмор во Канада и наводно, ќе го минуваат нивното време наизменично во Британија и Северна Америка.

sakame-finansiska-nezavisnost-princot-hari-i-megan-se-povlekuvaat-od-kralskata-dolzhnost-02.jpg

Според изворите, останатите членови на кралското семејство биле длабоко разочарани, шокирани, но и гневни на познатиот пар.

„Разговорите со војводата и војвотката од Сасекс се во почетна фаза. Ја разбираме нивната желба да пробаат нешто друго, но ова се комплицирани проблеми за кои е потребно време“, изјавија од Бакингемската палата.

Неколку извори тврдат дека парот тајно ја донел одлуката за време на престојот во Канада, а постојат и гласини дека ќе креираат нов веб-сајт, независен од кралското семејство.

„После многу месеци размислување и разговор, одлучивме да направиме промена оваа година. Сакаме да се повлечеме од позицијата ’постари‘ членови на кралското семејство и да работиме за да станеме финансиски независни, притоа поддржувајќи ја кралицата.

Планираме да го минуваме времето во Велика Британија и Северна Америка. Оваа географска рамнотежа ќе ни овозможи да го израснеме нашиот син со почит кон кралската традиција во којашто се роди, но сепак ќе му дадеме простор на нашето семејство да се фокусира на следното поглавје. Ќе ги споделиме деталите за овој возбудлив нов чекор и ќе продолжиме да соработуваме со Нејзиното височество кралицата, принцот од Велс и војводата од Кембриџ.

Дотогаш, прифатете ја нашата благодарност за вашата постојана поддршка.“ - стои во изјавата на Хари и Меган.

sakame-finansiska-nezavisnost-princot-hari-i-megan-se-povlekuvaat-od-kralskata-dolzhnost-03.jpg

Парот сè уште не знае каде би живеел во Северна Америка, но и Канада е една од опциите.

Хари и Меган сакаат финансиска независност, но наводно, не знаеле како ќе го направат тоа. Засега ќе продолжат да земаат пари од кралицата и принцот од Велс за да ги финансираат нивните официјални обврски.

Парот нема да се откажe од кралските титули или статус и инсистираат да го зачуваат Frogmore Cottage, домот од 2,4 милиони фунти.

„Семејството сака да им помогне, но ова е разговор што требаше да се направи дискретно и тивко. Не знаат каде ќе живеат и не знаат како ќе заработуваат“, вели еден извор.

sakame-finansiska-nezavisnost-princot-hari-i-megan-se-povlekuvaat-od-kralskata-dolzhnost-04.jpg

Претходно, Хари изјави дека се плаши дека Меган ќе стане жртва како мајка му. Факт е дека парот беше мета на голем број медиумски притисоци и постојано беа критикувани за нивните животни одлуки.

Најверојатно, притисокот бил преголем, па парот одлучил дека повлекувањето од кралските должности е најдоброто решение.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Принцот Џорџ е пораснат дечко покрај мама Кејт Мидлтон на Вимблдон – во одело и кравата како вистинс... Кејт Мидлтон отмена и елегантна како секогаш, воодушеви заедно со пораснатиот си...
Хари и Меган зад кралските завеси – таа храбро објави невидени кадри од свадбата, страсни бакнежи и ... За 8-та годишнина, Меган и Хари не се кријат, напротив, таа храбро објави невиде...
Членови на кралското семејство кои биле ужасни со вработените – Слугинките плачеле од Меган Маркл На принцезата Дијана воопшто не ѝ бил лесен животот со кралското семејство. Па, ...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Принцот Ендру е уапсен на неговиот 66-ти роденден поради случајот со Џефри Епстин - наводно издавал ... Денес (19.02) братот на кралот Чарлс беше уапсен поради сомнеж за злоупотреба на...

Најчитани неделава