Инфлуенсерка лажирала цел одмор на Бали со фотографии од IKEA

Ако не верувате колку е лесно да го лажирате вашиот живот на социјалните мрежи, тогаш сигурно ќе ве интересира приказната на јутуберката Наталија Тејлор.

influenserka-lazhirala-cel-odmor-na-bali-so-fotografii-od-ikea-01.jpg

Младата инфлуенсерка „заминала“ на Бали без воопшто да се качи во авион. Всушност, таа отишла во најблиската IKEA продавница и ги измамила сите нејзини Instagram следбеници дека всушност е на одмор.

„Велат дека животот на интернет не е секогаш онаков како што изгледа. Особено во денешно време кога е навистина лесно да се преправате дека сте која било личност. Денес, ќе го тестирам ова и ќе пробам да лажирам цел одмор објавувајќи лажни фотографии“, изјави Наталија за нејзиниот експеримент.

Кога Наталија почнала да објавува фотографии со хаштагот #VacationGoals, нејзините стотици илјадници следбеници навистина поверувале дека инфлуенсерката е на патување.

Иако на сите фотографии се означила во Бали, Индонезија, таа не била ни во близина на дестинацијата.

Подоцна откри дека секоја фотографија била направена во IKEA.

„Верувам дека инфлуенсерите имаат одговорност постојано да покажуваат транспарентност. Бидејќи ова не се случува секогаш, потребен ни е потсетник дека не сè што гледаме онлајн е точно.“

Наталија само докажа дека бројни инфлуенсери го прават истото нешто – „продаваат лаги“.

На нејзиниот YouTube канал таа сподели видео со целиот социјален експеримент, каде што можете да видите и што се случувало зад сцените:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Ја обвинуваа дека е жена со џуџест раст, која лаже дека е дете: Каде е денес Наталија Грејс? Случајот со Наталија Грејс до денес претставува енигма – таа тврди дека е родена...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...

Најчитани неделава