Жената чиј талент вирално се рашири ја испеа Shallow и кај Елен – докажа дека видеото не било наместено (видео)

Се сеќавате ли на жената од метро во Лондон која го доврши текстот на Shallow и неочекувано го воодушеви светот? Сега ја испеа целата песна и го докажа талентот.

zhenata-chij-talent-viralno-se-rashiri-ja-ispea-shallow-kaj-elen-dokazha-deka-videoto-ne-bilo-namesteno-video-01.jpg

Во видео предизвик, Кевин Фрешвотер бараше од рандом минувачи да го довршат со пеење текстот од песна која тој ќе ја започне.

Покрај многуте минувачи, онаа која најмногу остави впечаток беше Шарлот, која ја запеа Shallow и неочекувано го изненади Кевин, но и целиот свет кој се воодушеви од нејзиниот талент.

Елен не дозволи тоа да остане така, па ја покани во нејзиното шоу, каде Шарлот уште еднаш го покажа нејзиниот талент и им ги „затвори устите“ на сите оние кои мислеа дека видеото било наместено.

Она што е интересно како статистика е дека видеото веќе има повеќе од 16 милиони прегледи, заради видеото, песната Shallow стигна во топ 40 на iTunes, а на нејзиниот Инстаграм профил, од 4.000 следбеници, Шарлот сега има повеќе од 500.000 следбеници, меѓу кои е и Аријана Гранде.

zhenata-chij-talent-viralno-se-rashiri-ja-ispea-shallow-kaj-elen-dokazha-deka-videoto-ne-bilo-namesteno-video-02.jpg

Всушност, Шарлот е пејачка веќе 15 години, а пее по свадби и прави секакви свирки, благодарение на нејзиниот татко кој ѝ дал совет да пее секаде, каде и да е.

Елен е позната и по тоа што ги дарува нејзините гости, а за Шарлот имаше посебно изненадување – 1 година бесплатно возење во лондонското метро плус 10.000 фунти.

zhenata-chij-talent-viralno-se-rashiri-ja-ispea-shallow-kaj-elen-dokazha-deka-videoto-ne-bilo-namesteno-video-03.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најстарата жена во светот има 116 години: Се родила кога владеел пра-прадедото на кралицата Елизабет... Со своите 116 години, Етел од Англија е најстарата жена во светот. Се родила пре...
Над 20 години ја држела како робинка за да ѝ го чисти домот: Детали за случајот што го згрози светот Повеќе од 25 години, жена од Англија која требало да се грижи за девојка со проб...
Застрашувачка сцена: Огромна лавина се движи кон скијачи во ски-центар во Италија (видео) На драматична снимка се гледа како се формира снежна лавина во ски центар во Ита...
Се пресели во Мексико и заврши во затвор, има шизофренија - Пропаста на руската лизгачка Елена Гуљак... На врвот на кариерата со сопругот и тренер се пресели во Мексико, каде што отвор...
Мислењата поделени: Забрана за деца во некои вагони во возови во Франција - за да не го рушат мирот „Откако стана прифатливо родителите да не ги контролираат своите деца, тогаш да,...
Обучена е да ги заштити децата во терористички напад, забранет ѝ е еден збор - Која е дадилката на к... Многумина сметаат дека не постои подобра дадилка во светот од Марија Тереза и то...

Најчитани неделава