6-годишно девојче со мускулна дистрофија стана интернет ѕвезда со вежбите
- Детали
- среда, 15 април 2020
Малата Кармела секојдневно трпи болка и се соочува со здравствени предизвици, но сепак е психички силна и е лекција за оптимизам и издржливост.
Кармела Вотсон е 6-годишно девојче со мускулна дистрофија, кое мора постојано да вежба за да ги зајакне своите слаби мускули.
Таа заедно со своите родители снима видеа и ги прикачува на Фејсбук. Со својот шарм, прекрасна насмевка и ведрина, Кармела стана интернет ѕвезда.
Таа е инспирација за многумина, иако се соочува со низа сериозни здравствени проблеми поради нејзината болест.
Нејзините родители ја однеле на доктор затоа што забележале дека не се развива правилно и на 3-годишна возраст ѝ била дијагностицирана мускулна дистрофија.
Секојдневно има болки и предизвици, но не дозволува тоа да ѝ го одземе позитивниот став.
Запознајте го малото храбро девојче:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





