Арчи го прослави првиот роденден – Како му честитаа членовите на кралското семејство?

Првото дете на Меган Маркл и Хари денес полни една година. Моментално семејството се наоѓа во Лос Анџелес, но честитките од кралското семејство не изостанаа.

maliot-archi-napolni-edna-godina-kako-mu-chestitaa-chlenovite-na-kralskoto-semejstvo-01.jpg

Иако се очекува роденденот да го прослават во домашна атмосфера, фановите се надеваат дека Меган и Хари допрва ќе нè израдуваат и со фотографија од славеникот.

По повод роденденот, принцот Вилијам и Кејт споделија семеен портрет од крштевката на Арчи, која се одржа во јули минатата година.

„Му посакуваме на Арчи многу среќен прв роденден“, гласи честитката на Кејт и Вилијам

И кралицата и војводата од Единбург му честитаа на нивниот пра-внук, со фотографија направенана два дена по раѓањето на Арчи.

„Среќен роденден на Арчи Маунтбатен-Виндзор, кој денес го слави првиот роденден! Арчи е осмото пра-внуче на кралицата“, стои во описот.

Во меѓувреме, на профилот на принцот Чарлс и Камила, споделена е црно-бела фотографија од Чарлс, Хари и Арчи, направена на денот на неговата крштевка.

„Многу среќен роденден на Арчи, кој денес полни една година“, стои во описот на објавата.

Сепак, дефинитивно најслатко е видеото објавено од непрофитната организација Save the Children UK, каде што Меган му чита сликовница на Арчи.

„Меган, војвотката од Сасекс ја чита 'Duck! Rabbit!' за роденденот на Арчи“, стои во описот на видеото.

Според организацијата, зад камерата стои Хари, а видеото било направено со цел да се соберат финансиски средства за најранливите семејства во Велика Британија и ширум светот.

Арчи е роден на 6-ти мај 2019-та и е седмиот по ред наследник на тронот, веднаш по неговиот татко, принцот Хари.

archi-go-proslavi-prviot-rodenden-kako-mu-chestitaa-chlenovite-na-kralskoto-semejstvo-02.jpg

archi-go-proslavi-prviot-rodenden-kako-mu-chestitaa-chlenovite-na-kralskoto-semejstvo-03.jpg

archi-go-proslavi-prviot-rodenden-kako-mu-chestitaa-chlenovite-na-kralskoto-semejstvo-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хари и Меган зад кралските завеси – таа храбро објави невидени кадри од свадбата, страсни бакнежи и ... За 8-та годишнина, Меган и Хари не се кријат, напротив, таа храбро објави невиде...
Принцот Џорџ е пораснат дечко покрај мама Кејт Мидлтон на Вимблдон – во одело и кравата како вистинс... Кејт Мидлтон отмена и елегантна како секогаш, воодушеви заедно со пораснатиот си...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
„Живееме на трoпски остров со 100 плажи и 30˚C, но постои мрачна страна - бездомните кучиња“ „На Маурициус практично живееме надвор. И храната е неверојатна. Има многу штанд...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...

Најчитани неделава