„Не биле толку долго под ист покрив со Елизабета“ – принцот Филип го дочека 99-тиот роденден во карантин (фото)

Денес, 10-ти јуни, принцот Филип го слави неговиот 99-ти роденден.

nikogash-ne-bile-volku-dolgo-pod-ist-pokriv-so-elizabeta-princot-filip-go-docheka-99-tiot-rodenden-vo-karantin-foto-01.jpg

По тој повод беше објавена и фотографија од Филип и Елизабета, направена во тревникот на замокот Виндзор.

princot-filip-go-docheka-99-tiot-rodenden-vo-karantin-02.jpg

Кралицата и принцот заедно го минуваат времето во карантин, а според извор близок до кралското семејство, одамна не поминале волку време заедно.

Обично, принцот е во куќата на имотот Sandringham, додека кралицата не може да ги напушти должностите во Бакингемската палата, па најчесто престојува таму. Сепак, изгледа пандемијата ги зближила како никогаш досега.

„Ова сигурно е најдолг период што го поминале под ист покрив после многу години. Но, ова им е можност да се поврзат во подоцнежните години од животот“, изјавил изворот.

princot-filip-go-docheka-99-tiot-rodenden-vo-karantin-03.jpg

Кралицата и принцот го намалиле бројот на вработени во замокот поради пандемијата, а речиси секогаш јадат заедно. Останатиот дел од времето секој си се занимавал со своите интереси.

Филип најмногу сака да чита, пишува и слика, а во април ја даде и својата прва изјава од пензионирањето, каде што им се заблагодари на медицинските лица и луѓето кои работат во време на пандемијата.

За кралицата веќе е познато дека јавањето коњи ѝ е омилено хоби, а покрај тоа си има и други кралски должности.

princot-filip-go-docheka-99-tiot-rodenden-vo-karantin-04.jpg

Кралскиот пар е заедно веќе седум децении и велат дека нивната тајна за среќен брак се различните карактери. Наводно, кралицата била поприбрана, додека Филип не премолчувал сè. Истовремено, и толеранцијата и трпеливоста биле дел од важните нешта што им помагаат.

А, според поранешниот секретар на кралицата, Филип бил единствениот човек во светот кој ја третирал кралицата како само едно човечко битие. Ова, нормално, ѝ било важно на Елизабета.

Прочитајте и Елизабета го избра најсиромашниот принц за сопруг - 17 факти за принцот Филип.

Најубавите фотографии од Филип и Елизабета низ годините:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кејт Мидлтон со круна на принцезата Дијана, Доналд и Меланија главни гости: Како помина раскошниот б... Во замокот Виндзор се одржа државен банкет во чест на американскиот претседател ...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Принцот Џорџ е пораснат дечко покрај мама Кејт Мидлтон на Вимблдон – во одело и кравата како вистинс... Кејт Мидлтон отмена и елегантна како секогаш, воодушеви заедно со пораснатиот си...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
„Црвениот ѓавол“, арогантен сноб - Кои се најомразените членови на кралското семејство (и зошто)? Принцот Ендру се качил на покривот на Бакингемската палата да ја помести антенат...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава