Згрозувачки скандал во Виетнам: Ги чистат и препродаваат користените кондоми како нови - полицијата ги конфискувала

Јавоста е згрозена од нов скандал - полицијата во Виетнам открила и конфискувала неколку стотици илјади искористени презервативи, кои биле вриени и продавани како нови.

vo-vietnam-konfiskuvani-nad-300-000-iskoristeni-prezervativi-ischisteni-i-podgotveni-za-prodazhba-01.jpg

Според виетнамските медиуми, конфискуваните кондоми биле исчистени, пред повторно да бидат пуштени во продажба.

На една виетнамска телевизија се прикажаа и снимки на кои се гледаат 10-тина големи вреќи полни со искористени презервативи. Вреќите се наоѓале во склад во јужниот дел од државата.

Според информациите од полицијата, вреќите тежеле околу 360 килограми, па оттаму претпоставката дека внатре има околу 345.000 кондоми

vo-vietnam-konfiskuvani-nad-300-000-iskoristeni-prezervativi-ischisteni-i-podgotveni-za-prodazhba-02.jpg

За време на акцијата била пронајдена жена, сопственичка на складот, која им открила како се одвивал процесот – најпрво, кондомите биле вриени во вода, потоа сушени, а на крај ги оформувале со дрвен фалус. Потоа ги пакувале и ги продавале.

Според 34-годишната жена, тие добивале голема количина искористени кондоми еднаш месечно, од непозната личност.

vo-vietnam-konfiskuvani-nad-300-000-iskoristeni-prezervativi-ischisteni-i-podgotveni-za-prodazhba-03.jpg

Полицијата не знаела колку презервативи биле продадени досега, а жената открила дека добива 0.17 долари за секој рециклиран килограм.

Наводно, полицијата дознала за складот од анонимен жител кој живее во близина и засега ги барале другите вклучени во операцијата.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Избегната голема трагедија во Германија - пожар во преполна дискотека, спасени сите 750 гости (фото+... Во неделата, околу 3 часот по полноќ, во дискотека во Германија избувнал пожар ш...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Лицето ми се деформира од паразит – си ги потрошив сите пари за да најдам лек, ми се уништи животот... Американска ријалити ѕвезда вели дека „закачила“ паразит во Мароко што ѝ го дефо...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...

Најчитани неделава