Трамп е баниран од Фејсбук заради нередите во САД - Непријатни моменти кои се случија во првата недела од 2021 + неколку позитивни
- Детали
- петок, 08 јануари 2021
Го загубивме маестралниот виолинист Зоран Џорлев, во САД се случува фијаско при прогласувањето на победникот на изборите, а социјалните мрежи го банираа Трамп - поминаа само 8 дена од новата година, а веќе успеаја да се случат неколку „луди“ настани, но издвојуваме и неколку позитивни.

После ужасната 2020-та, сите се надеваме на многу, многу подобра 2021-ва, но новата година ни приреди неколку (не)пријатни изненадувања уште во првата недела.
Поминаа едвај 8 дена од Новата година, но веќе се случија многу луди настани. За среќа, не е сè така лошо – првата недела ни донесе и неколку мали, но навистина позитивни и весели настани кои ни даваат надеж за подобро утре.
Па, што сè се случи уште во првата недела од 2021-ва година?
Поддржувачите на Трамп упаднаа во Капитол и се обидоа да направат пуч.

Твитер го суспендира профилот на Трамп и се закани дека тој ќе добие целосна забрана за користење на социјалната мрежа. Истовремено, Трамп е баниран и од Фејсбук и Инстаграм, на период од најмалку две недели.

Илон Маск го помина Џеф Безос и стана најбогатиот човек на планетата.

Мексико му понуди азил на Џулијан Асанж, откако судија од Велика Британија го одби барањето на САД за негова екстрадиција.

Наводно, Ким и Канје не успеаја да го спасат бракот и се пред развод.

Во медиумите „осамнаа“ фотки од Хари Стајлс и Оливија Вајлд, па веројатно тие се најновиот славен пар.

Зои Кравиц поднесе барање за развод од сопругот Карл Глусман, после само 18 месеци брак.
