Стуткан во јакна и со плетени ракавици – Американски сенатор стана хит-меме на инаугурацијата на Бајден (фото)

Денот на инаугурацијата беше исполнет со влијателни личности облечени во дизајнерска облека, но сенаторот Берни Сандерс привлече внимание со своите ракавици плетени од волна од стари џемпери и неговата поза стана вирално хит-меме.

stutkan-vo-jakna-i-so-pleteni-rakavici-amerikanski-senator-stana-hit-meme-na-inauguracijata-na-bajden-foto-01.jpg

Првата дама Џил Бајден, потпретседателката Камала Харис, поранешната прва дама Мишел Обама, пејачките Џеј Ло и Лејди Гага, беа во фокусот на модните критичари, но и сенаторот Берни Сандерс си остави свој моден впечаток.

Погледнете Први фотки од инаугурацијата: Бајден и Камала положија заклетва, Мишел Обама – стилска доминација

Додека сите останати „мрзнеа“, сенаторот Берни на сите им ги стопи срцата со изборот на облека – тој седеше стуткан во зимска јакна и носеше класични, плетени ракавици.

Неговата стуткана поза со ракавиците многумина ги асоцираше на класична сцена во Њујорк кога е ладно, па тој стана хит-меме и луѓето почнаа да го фотошопираат на места низ Њујорк, но нивната фантазија нема граници, па вирално се шират фотки од него вметнат во различни сцени.

Сепак, додека сите се шегуваа со неговиот моден вкус, многумина не знаат дека 79-годишниот сенатор не се појавува првпат со овие ракавици и има приказна зад нив.

Всушност, Берни ги добил ракавиците на подарок од Џен Елис, професорка од Вермонт. Снаата на Берни, Лиза Дрискол, ја водела градинката на ќерката на Џен, која се занимавала со плетење и една година решила да направи ракавици за сите учители, но додала еден пар плус, за Сандерс.

Тие се направени од реискористена волна од џемпери, а Сандерс со нив се има појавено и претходно, па таа споделува дека е многу среќна кога гледа дека тој ги носи.

Сепак, тоа не ги спречи луѓето да продолжат да се шегуваат и да го „ставаат“ Берни во смешни сцени - погледнете ги најсмешните мемиња:

https://twitter.com/i_too_lived/status/1351950889368608769?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1351968570109005836%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es2_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.insider.com%2Fbernie-sanders-photo-sitting-inauguration-best-nyc-meme-2021-1

https://twitter.com/QuarantineBored/status/1351958003809980416?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1351958003809980416%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.insider.com%2Fbernie-sanders-photo-sitting-inauguration-best-nyc-meme-2021-1

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маж од Јужна Кореја бил инженер, па си дал отказ за да патува низ светот и никогаш не се покајал (фо... „Од 2018-та година живеам во куфери. Тоа беше навистина луда одлука, но овој жив...
Бразилка (63) има посетено над 56 држави: „Внуците не треба да бидат причина да седиме затворени дом... 63-годишната Хосефа Феитоса решила дека нема да биде пензионерка која ќе се затв...
Дете на 2-годишна возраст се искачи до камп на Монт Еверест на 5.364 метри и сруши рекорд (фото) Со своите две години, малиот Картер од Англија стана најмладата личност која сти...
Девојка со огромни усни направила 43 корекции за да личи на Барби – ја критикуваат дека е како зомби... По 43 козметички процедури и операции, 29-годишна девојка замислувала дека ќе ли...
Свадба во Ирак заврши со трагедија: Избувнал пожар во кој загинале младоженецот, невестата и многу г... Речиси веднаш откако младенците го почнале својот прв танц, на свадба во Ирак из...
Детенце од Бразил има густи влакна на лицето и телото на само 2 години: „Има повеќе брада од возрасе... Мигуел од Бразил има само две години, но неговите лице и тело веќе се прекриени ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg