Инфлуенсерка посрамотена во авион: „Да имав мали гради сигурно немаше да ме тераат да облекувам џемпер“

Изабел Елеанор од Австралија го сподели своето непријатно искуство на Инстаграм со една авиокомпанија од Австралија. Имено, кога требала да влезе во авионот, била опомената да ја прекрие „непримерната облека“, а оваа манекенка вели дека се почувствувала навистина понижено.

influenserka-posramotena-vo-avion-da-imav-mali-gradi-sigurno-nemashe-da-me-teraat-da-oblekuvam-djemper-01.jpg

„Направија сцена затоа што носев маичка со гол стомак и ме натераа да чекам пред сите додека бараа нешто со што ќе можам да се прекријам. Тоа е дискриминација и понижување. Да имав мали гради сигурна сум дека ништо немаше да ми искоментираат“.

Изабел патувала заедно со сопругот Џереми.

„Стјуардесата ја погледна мојата карта, а потоа ме погледна мене – „О, имате ли џемпер да се облечете?“. Прво помислив дека се грижи дали ќе ми биде ладно на летот, но продолжи со коментар дека не смеам да носам бикини во авион. И реков дека е топ, а не бикини, но сепак ме натераа да се облечам. Сметам дека ова е дискриминација - да бидете јавно посрамотени заради парче облека.“

Претставници на авиокомпанијата ја контактирале Изабел за да се извинат за неодамнешното искуство и додале дека нивната компанија нема никаква политика кога се во прашање „кроп-топовите“.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“ Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники –...
На 2 години беше оставен да умре, денес го викаат „малиот Пикасо“ - Се сеќавате ли на момчето спасен... „Кога го видовме, мирисаше на смрт. Бев сигурна дека ќе ми почине во раце. Но, с...
Ралф Шумахер ќе се венча со помладиот дечко - свадба во Франција, бившата која правеше драми сега ја... 19 месеци откако откри дека е во геј врска, и по бројни јавни обвинувања со пора...
Жена го лажела дечко ѝ дека има рак за да ѝ дава пари – ги трошела на патувања и пластични операции Во период од пет години, жена од Англија го лажела нејзиниот партнер дека има не...
„Страдам психички, не сакам да зборувам со никој“: Единствениот преживеан во авионската несреќа во И... „За мене, по несреќата… многу е тешко. Физички, ментално… Не сакам да зборувам с...

Најчитани неделава