Заедничко бричење глави наместо свадбен танц – емотивно изненадување за мајката на невестата, болна од рак (видео)

Џони ѝ приредила прекрасно изненадување на мајка си Луна на денот на нејзината свадба - таа и момчето си ги избричиле главите во знак на поддршка за Луна која имала рак, но за жал неколку месеци подоцна, ја изгубила битката.

za-poddrshka-na-majka-koja-e-bolna-od-rak-nevesta-i-momche-si-ja-brichat-glavata-na-nivnata-svadba-video-01.jpg

Во 2018-та година, Луна Макапагал од Нов Зеланд била дијагностицирана со рак на јајникот во четврти стадиум. Луна примала хемотерапија, ѝ направиле операција, а одела и на третман со радијација за да се справи со болеста.

Храбрата жена ја изгубила битката со ракот во јануари годинава, но околу два месеци пред смртта, нејзината ќерка ѝ приредила прекрасно изненадување.

Ќерката на Луна, 20-годишната Џони, сакала да ја изненади мајка си со тоа што ќе си ја избричи главата во знак на солидарност. Но, нејзиниот сопруг, тогаш вереник, имал уште подобра идеја – 20-годишниот Алистер ѝ предложил и двајцата да го направат тоа, но на денот на нивната венчавка.

za-poddrshka-na-majka-koja-e-bolna-od-rak-nevesta-i-momche-si-ja-brichat-glavata-na-nivnata-svadba-video-05.jpg

Венчавката се одржала на 21-ви ноември минатата година, а таа и Алистер ја реализирале нивната идеја. Кога почнала забавата, Џони и Алистер отишле на подиумот за танцување, а гостите очекувале да го видат нивниот прв танц како брачен пар. Наместо тоа, Џони изјавила дека ќе прават нешто поразлично.

„Мамо, те сакаме премногу и сакаме да ти ја покажеме нашата солидарност. Сите мислат дека сега ќе изведуваме традиционален филипински танц каде што гостите треба да ни дават пари. Но, ако имате пари во вас, ние ќе си ги бричиме главите за болните од рак, па сите пари што ќе ги оставите ќе ги донираме за таа цел“, вели Џони во видеото од емотивниот момент.

zaednichko-brichenje-glavi-namesto-svadben-tanc-emotivno-iznenaduvanje-za-majkata-na-nevestata-bolna-od-rak-video.jpg

za-poddrshka-na-majka-koja-e-bolna-od-rak-nevesta-i-momche-si-ja-brichat-glavata-na-nivnata-svadba-video-03.jpg

Во меѓувреме, Алистер седнува на столче среде подиумот, а Џони почнува да му ја бричи главата. Веднаш потоа си ги менуваат местата, па Алистер ја бричи главата на Џони.

https://www.youtube.com/watch?v=ZnSKHQr_Qh8

После венчавката, младиот пар отворил и сметка за донации, а парите се наменети за здружение на болни од рак во Нов Зеланд. Досега тие имаат собрано 3.350 долари.

Алистер вели дека сакал да ѝ се придружи на сопругата во прекрасниот гест со цел да покаже дека оние кои имаат рак никогаш не се сами и секогаш ја имаат поддршката на другите.

za-poddrshka-na-majka-koja-e-bolna-od-rak-nevesta-i-momche-si-ja-brichat-glavata-na-nivnata-svadba-video-04.jpg

Луна починала на 12-ти јануари годинава, но младиот пар продолжува да ја раскажува приказната со цел да ја подигне свеста за оваа ужасна болест.

„Среќни сме што овој гест ја направи мајка ми горда и среќна. Не знаевме што да очекуваме, но во тој момент и двајцата бевме пресреќни. Реакциите беа многу неочекувани – сите на свадбата плачеа и ни кажуваа колку се горди. Почнавме да добиваме донации од целиот свет, што исто така не очекувавме, и сме многу благодарни на луѓето кои донираа и кои ни кажаа дека нè поддржуваат“, вели Џони.

za-poddrshka-na-majka-koja-e-bolna-od-rak-nevesta-i-momche-si-ja-brichat-glavata-na-nivnata-svadba-video-06.jpg

za-poddrshka-na-majka-koja-e-bolna-od-rak-nevesta-i-momche-si-ja-brichat-glavata-na-nivnata-svadba-video-07.jpg

Џони и Алистер се познавале уште од 5-годишна возраст, а ја почнале врската пред три години. Кога Алистер ја запросил минатата година, најпрво побарал дозвола од нејзината мајка Луна. Џони, пак, е пресреќна што побрзале со венчавката и што мајка ѝ имала можност да присуствува.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...

Најчитани неделава