„Од првак во лизгање на мраз до порно ѕвезда“: Пропаѓањето на една успешна спортистка

Мелиса Кармен Буланагви е поранешен првак во уметничко лизгање. Денес има 30 години, а пред 10 години била една од најуспешните во овој спорт во Америка. Родена е во Пенсилванија, но по потекло е од Филипини.

od-prvak-vo-lizganje-na-mraz-do-porno-dzvezda-propagjanjeto-na-edna-uspeshna-sportistka-01.jpg

Нејзината нова кариера, го шокираше светот, особено нејзините поранешни колеги.

Додека била дел од репрезентацијата на САД се соочила со бројни проблеми и притисоци кои влијаеле на нејзиното психичко здравје. Таа не успеала да се избори со стресот и започнала да води порочен живот консумирајќи алкохол и дрога.

„Бев трета во Америка и првак на Филипините, а наместо мене на Олимписките игри во Сочи испратија јуниорка. Навистина бев добра, жртвував сè што имав. Заради вакви неправди станав несреќна личност која живее навистина лош живот“ – раскажала Мелиса во 2015-та година, а истата година го напуштила професионалниот спорт.

По крајот на нејзината кариера, одредено време работела како тренер по лизгање на Тајланд и Америка, но вели дека била премногу млада и не успевала никако да воспостави авторитет.

Покрај тоа, работела како келнерка, продавачка и модел, но не успевала да заработи доволно пари.

Од 2019-та година станала порно актерка и заштитно лице на сајтот за возрасни PornHub. Препознатлива е по нејзиното уметничко име Џада Каи.

„Ми беше навистина тешко, знаев дека луѓето ќе ме осудуваат, но очигледно, лизгањето не ми било судбина“ – изјавила Мелиса своевремено.

На својот Инстаграм профил таа вели дека не ѝ се верува дека успешно правела секакви фигури на мраз секој ден.

„Потребно беше навистина многу работа, посветеност и дисциплина за да ги усовршам сите скокови“.

Навистина е жално што вакви таленти не успеваат да си го пронајдат заслуженото место во спортот. Постојат бројни примери каде спортистки ја завршуваат неславно кариерата и за жал си ја наоѓаат „иднината“ во порно индустријата.

 Е. П. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
Се пресели во Мексико и заврши во затвор, има шизофренија - Пропаста на руската лизгачка Елена Гуљак... На врвот на кариерата со сопругот и тренер се пресели во Мексико, каде што отвор...
„Си ги отстранив градите со операција бидејќи мразев како изгледаат – уште се чувствувам како жена“ Млада Американка си ги отстранила двете дојки не бидејќи има рак или бидејќи сак...
„Потрошив 100.000 долари на пластични операции, но сега го враќам природниот изглед – мислеа дека су... Ријалити ѕвезда од Бразил станал зависна од пластични операции откако се пресели...
„Се разведов од првата сопруга што не ми готвеше, сега сум во земја - порно рај, каде втората сопруг... „Тука во Тајланд животот е подобар, жените се поубави, порелаксирани и ги извршу...
„Црвениот ѓавол“, арогантен сноб - Кои се најомразените членови на кралското семејство (и зошто)? Принцот Ендру се качил на покривот на Бакингемската палата да ја помести антенат...

Најчитани неделава