Сопругата на Илон Маск со необичен стил и нова бизарна тетоважа, а мајка му e модна икона на 72 години (фото)
- Детали
- вторник, 13 април 2021
Парот, кој има едно заедничко дете, постојано ја интригира јавноста со своите потези. Овојпат 33-годишната партнерка на Илон Маск си стави „вонземјанска“ тетоважа на грбот, додека пак, неговата мајка продолжува со совршените модни изданија.
Илон Маск и неговата девојка Грајмс се еден од најнеобичните парови, а нивните потези постојано привлекуваат внимание.
Сега, раперката одлучи да си направи уникатна тетоважа на целиот грб и откри дека тетоважата претставува „убави вонземјански лузни“.
33-годишната Грајмс откри дека тетоважата е направена со бело мастило, дека процесот бил многу болен и сега само сака да спие за да закрепне.
Неодамна и Илон Маск ги изненади фановите со фотографија со која покажа како би изгледал во женско издание со долга коса.
Инаку, мајката на Илон, Маје Маск, денес има 72 години и сè уште работи како модел.
Прочитајте и Работела 5 работи едновремено, модел e: Факти за мајката на Илон Маск
Повеќе фотки од парот:
На следната страна фотки од атрактивната мајка на Илон Маск...
Би можело да ве интересира:





