„Ти никогаш нема да чекориш сама“: Како кралицата Елизабета ќе им се врати на кралските обврски, по смртта на принцот Филип?


„Ти никогаш нема да чекориш сама“: Како кралицата Елизабета ќе им се врати на кралските обврски, по смртта на принцот Филип?

Таа остана сама по неверојатни 73 години брак и повеќе ништо не е исто. Сепак, ја има поддршката и моќните зборови: „Ти никогаш нема да чекориш сама“...

ti-nikogash-nema-da-chekorish-sama-kako-kralicata-elizabeta-kje-im-se-vrati-na-kralskite-obvrski-skrshena-po-smrtta-na-princot-filip-01.jpg

Кралицата Елизабета го изгуби сопругот по 73 години брак, но наскоро таа ќе треба да им се врати на кралските обврски. Како ќе изгледа тоа, без принцот Филип покрај неа?

ti-nikogash-nema-da-chekorish-sama-kako-kralicata-elizabeta-kje-im-se-vrati-na-kralskite-obvrski-skrshena-po-smrtta-na-princot-filip-06.jpg

Кралицата изјави дека смртта на Филип оставила огромна празнина во нејзиниот живот, но дека таа ќе се врати на исполнување на своите обврски откако ќе поминат двете седмици на официјално жалење по него, на 22-ри април.

ti-nikogash-nema-da-chekorish-sama-kako-kralicata-elizabeta-kje-im-se-vrati-na-kralskite-obvrski-skrshena-po-smrtta-na-princot-filip-07.jpg

Таа нема да биде оставена сама на себе, туку сениорите од кралското семејство ќе ја придружуваат на настаните. Односно, кралицата секогаш ќе ја придружува најмалку еден постар припадник на кралското семејство.

ti-nikogash-nema-da-chekorish-sama-kako-kralicata-elizabeta-kje-im-se-vrati-na-kralskite-obvrski-skrshena-po-smrtta-na-princot-filip-04.jpg

Со неа ќе бидат видени принцот од Велс (Чарлс), Војвотката од Корнвел (Камила), Војводата и Војвотката од Кембриџ (Вилијам и Кејт), Грофот и Грофицата на Весекс (Едвард и Софија) и принцезата Ана.

ti-nikogash-nema-da-chekorish-sama-kako-kralicata-elizabeta-kje-im-se-vrati-na-kralskite-obvrski-skrshena-po-smrtta-na-princot-filip-05.jpg

Вистината е дека кралицата одела соло на многу должности и пред и по официјалното пензионирање на нејзиниот сопруг во 2017 година, но јасно е зошто има загриженост за неа во иднина и зошто ќе ѝ биде потребна поддршка од синот Чарлс, внукот Вилијам и другите членови на кралското семејство.

ti-nikogash-nema-da-chekorish-sama-kako-kralicata-elizabeta-kje-im-se-vrati-na-kralskite-obvrski-skrshena-po-smrtta-na-princot-filip-03.jpg

ti-nikogash-nema-da-chekorish-sama-kako-kralicata-elizabeta-kje-im-se-vrati-na-kralskite-obvrski-skrshena-po-smrtta-na-princot-filip-02.jpg

Прочитајте и Мигот кога 13-годишната принцеза Елизабета се вљубила во Филип (19) и не погледнала друг маж оттогаш (фото)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Принцот Чарлс е позитивен на корона вирус - какви симптоми има? Принцот Чарлс, кој има 71 година, е позитивен на корона вирус. За среќа, тој пок...
Домот во Малта каде што Филип и Елизабета ги поминаа најсреќните години од животот ќе биде претворен... Пред Елизабета да седне на кралскиот трон, таа и Филип живееја во Малта, а токму...
Принцот Вилијам сака повторно да биде амбулантен пилот за да помогне против корона вирусот До 2017, принцот беше пилот на воздушната амбуланта, а сега изјавил дека му недо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg