Вдовец од Аргентина 4 децении садел шума во форма на гитара во чест на починатата сопруга (фото)

Пред 44 години, Педро Мартин Урета ја изгубил својата сакана сопруга, па во нејзина чест почнал да сади шума на неговата фарма, но во форма на нејзиниот омилен интрумент - гитара. Денес симболот за неговата љубов кон сопругата се гледа и на сателитски снимки.

vdovec-od-argentina-4-decenii-sadel-shuma-vo-forma-na-gitara-vo-chest-na-pochinatata-sopruga-foto-01.jpg

Во 1970-тите, сопругата на Педро, Грациела, летала со авион над нивната фарма, кога забележала дека дел од земјиштето наликува на кофа. Кога си отишла дома, го прашала Педро дали е можно тој дел да го направат во форма на гитара – нејзиниот омилен инструмент. Во тој момент Педро не ја сфатил сериозно, па само ѝ рекол дека другпат ќе зборуваат за тоа.

За жал, младиот брачен пар никогаш немал можност за тоа. Во 1977 година Грациела ненадејно починала од аневризма на мозокот, и тоа додека била бремена. На денот на нејзината смрт, Грациела имала само 25 години.

vdovec-od-argentina-4-decenii-sadel-shuma-vo-forma-na-gitara-vo-chest-na-pochinatata-sopruga-foto-02.jpg

Педро, скршен од тага, решил да ѝ оддаде почит на својата сакана со тоа што ќе ѝ ја исполни желбата. Па во 1979-та, со помош на неговите деца, почнал да сади дрвја на фармата во форма на гитара. Во текот на неколку децении, Педро и семејството посадиле 7.000 дрвја, па денес шумата во чест на Грациела е долга околу 500 метри.

vdovec-od-argentina-4-decenii-sadel-shuma-vo-forma-na-gitara-vo-chest-na-pochinatata-sopruga-foto-06.jpg

Шумата што ја посадил Педро почнала да привлекува толку многу внимание, што дури и инженерите од НАСА направиле фотографија со еден од нивните сателити.

vdovec-od-argentina-4-decenii-sadel-shuma-vo-forma-na-gitara-vo-chest-na-pochinatata-sopruga-foto-05.jpg

За жал, Педро уште ја нема видено неговата креација од воздух, бидејќи му е страв да лета со авион.

vdovec-od-argentina-4-decenii-sadel-shuma-vo-forma-na-gitara-vo-chest-na-pochinatata-sopruga-foto-07.jpg

Многу години по смртта на Грциела, Педро повторно се вљубил и сега има друга сопруга, но неговата шума во форма на гитара, која можете да ја видите и на Google Maps, засекогаш ќе го потсетува на изгубената љубов.

vdovec-od-argentina-4-decenii-sadel-shuma-vo-forma-na-gitara-vo-chest-na-pochinatata-sopruga-foto-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
„Живееше со мене во пештери 14 години, се селевме 49 пати“ - Која е сопругата на новиот претседател ... Кога на почетокот на 2025 член на Ал Каеда стана претседател на Сирија, светот с...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Сите љубовници на Адолф Хитлер - Бирал двојно помлади девојки, една му родила син, внуката се убила ... Приказната за љубовта на Адолф Хитлер и Ева Браун е позната на сите, но малкумин...

Најчитани неделава