Кралското семејство го нема видено 18 месеци – како му го честитаа 2-иот роденден на синот на Хари и Меган?

Членовите на кралското семејство му го честитаа вториот роденден на малиот Арчи, но фановите веднаш забележаа дека сите споделени фотографии се стари, па веднаш прокоментираа дека „немаат ниту една фотка од нивниот внук“.

kralskoto-semejstvo-mu-go-chestita-2-riot-rodenden-na-archi-sinot-na-megan-i-hari-so-stari-fotografii-01.jpg

Денес, 6-ти мај, синот на Меган Маркл и Хари полни две години, a членовите на кралското семејство ги споделија своите честитки.

Сепак, поради заладениот однос на Хари и Меган со другите членови на семејството, фановите веднаш прокоментираа дека честитките изгледаат малку чудно, па дури и непријатно.

Кралското семејство го нема видено Арчи околу 18 месеци, откако неговите родители се преселија со него во Канада. Сепак, Хари сподели дека кралицата и принцот Филип го имале видено, но само преку видео повик.

На официјалниот Твитер профил на кралското семејство беше споделена стара фотка од Хари, Меган и Арчи, направена еден ден откако се роди.

„На Арчи Маунтбатен Виндзор му посакуваме многу среќен втор роденден“.

И Вилијам и Кејт споделија стара фотка, овојпат од крштевката на Арчи:

„Му посакуваме на Арчи многу среќен 2-ри роденден“.

Истото може да се каже и за принцот Чарлс и Камила, кои на нивниот Твитер профил објавија црно бела фотографија од Чарлс, Хари и Арчи, повторно од неговата крштевка:

„Среќен роденден на Арчи, кој денес полни две години“, пишува во описот.

Нормално, коментарите од фановите не изостанаа.

„Па, ова е непријатно“.

„Навистина непријатно. Семејството на Хари нема фотографии што може да ги искористи“.

kralskoto-semejstvo-mu-go-chestita-2-riot-rodenden-na-archi-sinot-na-megan-i-hari-so-stari-fotografii03.jpg

„Навистина немате ни една фотографија од него, зарем не? Ниту една фотографија со вашиот внук“, гласи коментарот на фотографијата од Кејт и Вилијам.

„Гледам Меган уште ја сечат од семејните фотографии на ’Фирмата‘“, напишал твитерџија на објавата на Чарлс и Камила.

Бидејќи во интервјуто со Опра Хари откри дека не зборувал ни по телефон со татко му, некои твитерџии го критикуваат Чарлс на неговата објава, советувајќи го дека треба да му се јави на синот за да му го честита роденденот на Арчи.

kralskoto-semejstvo-mu-go-chestita-2-riot-rodenden-na-archi-sinot-na-megan-i-hari-so-stari-fotografii-02.jpg

Малиот Арчи е роден во 2019 година во Лондон и нема никаква кралска титула. Моментално Меган е бремена со второто дете, девојче, а се очекува да се породи летово.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хари и Меган зад кралските завеси – таа храбро објави невидени кадри од свадбата, страсни бакнежи и ... За 8-та годишнина, Меган и Хари не се кријат, напротив, таа храбро објави невиде...
Членови на кралското семејство кои биле ужасни со вработените – Слугинките плачеле од Меган Маркл На принцезата Дијана воопшто не ѝ бил лесен животот со кралското семејство. Па, ...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Кејт Мидлтон со круна на принцезата Дијана, Доналд и Меланија главни гости: Како помина раскошниот б... Во замокот Виндзор се одржа државен банкет во чест на американскиот претседател ...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
„Ќерка ми загина неколку дена пред 3-иот роденден, врз неа падна комода од 30kg – родители бидете по... „Се случи многу брзо и многу тивко. Се случи нешто незамисливо. Вината и срамот ...

Најчитани неделава