„Нема да посвоиме дете од Тајланд затоа што 1 година нема да смееме да го покажеме на интернет“ - пар стана мета на онлајн критики

Пар од Калифорнија ја разлути јавноста откако отворено кажа како ќе го сопре процесот за посвојување на детенце од Тајланд само затоа што нема да може да го покажуваат онлајн една година.

nema-da-posvoime-dete-od-tajland-zatoa-shto-1-godina-nema-da-smeeme-da-go-pokazheme-na-internet-par-stana-meta-na-onlajn-kritiki-01.jpg

Парот инфлуенсери Ники и Ден Филипи од Калифорнија стана мета на онлајн критики откако на Reddit осамна нивно видео од 2018 година во кое ги известуваат следбениците дека го откажале посвојувањето на детенце од Тајланд, само затоа што оваа земја имала правило дека една година по посвојувањето нема да може да го покажуваат на Јутуб и на социјалните мрежи.

nema-da-posvoime-dete-od-tajland-zatoa-shto-1-godina-nema-da-smeeme-da-go-pokazheme-na-internet-par-stana-meta-na-onlajn-kritiki-07.jpg

Ники во видеото вели: „Откако ќе го земеш своето дете, тоа е твое дете, но не ти е дозволено да зборуваш за него или да споделуваш какви било фотографии, видеа или било што од него онлајн една година“, на ова Ден додава дека тие имаат Јутуб канал на кој споделуваат многу детали од нивното секјдневие и дека ова нема да биде возможно.

Потоа Ники вели дека дискутирала и со нејзината асистентка за процесот на посвојување кој го започнале, па дошле до логичен заклучок дека нема да биде изводливо да не го снимаат и затоа одлучиле да не посвојуваат дете од Тајланд.

Инаку, парот сега го има 1-годишниот биолошки син Логан.

nema-da-posvoime-dete-od-tajland-zatoa-shto-1-godina-nema-da-smeeme-da-go-pokazheme-na-internet-par-stana-meta-na-onlajn-kritiki-05.jpg

Еден од осудувачките коментари на Твитер за потегот на парот гласи: „Да не заборавиме дека Ники Филипи одлучи да не посвои дете од Тајланд само затоа што не им беше дозволено да го прикажуваат на Јутуб за пари. Дали сме изненадени? Не. Разочарани? Да.“

Реакции на Твитер:

Парот неодамна повторно беше мета на криткики откако Ники откри дека со Ден се одлучиле за еутаназија на нивното здраво 10-годишно куче Боусер, откако тоа го каснало нивниот син Логан.

nema-da-posvoime-dete-od-tajland-zatoa-shto-1-godina-nema-da-smeeme-da-go-pokazheme-na-internet-par-stana-meta-na-onlajn-kritiki-06.jpg

nema-da-posvoime-dete-od-tajland-zatoa-shto-1-godina-nema-da-smeeme-da-go-pokazheme-na-internet-par-stana-meta-na-onlajn-kritiki-02.jpg

Ники вели дека тоа било најтажниот ден во нивниот живот, но нивните следбеници не се согласуваат со одлуката за еутаназија и велат дека би требало да му обезбедат нов дом на кучето, а не да го успијат.

По овие настани дури се потпишува петиција против Јутуб каналот на парот.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...
Тинејџер од Русија си ја пиел крвта и завршил во болница - сакал да си ја лекува анемијата, „советот... 17-годишно момче од Русија пробало да си ја лекува анемија пиејќи ја својата крв...
Фудбалерот Нејмар чека петто дете со жената на својот живот - која ја изневери 92 пати и ѝ направи д... И додека таа на својот Инстаграм профил го покажува раскошниот животен стил и се...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...

Најчитани неделава