Тиктокерка од САД патувала 9.000 километри за да го отстрани љубовното катанче што го оставила со бившиот во Сеул

Кеси Јеунг патувала 9.500 километри, од Лос Анџелес до Сеул, за да го отстрани љубовното катанче што го оставила во 2019-та со нејзиниот бивш партнер.

tiktokerka-od-sad-patuvala-9-000-kilometri-za-da-go-otstrani-ljubovnoto-katanche-shto-go-ostavila-so-bivshiot-vo-seul-01.jpg

Кеси е многу популарна на ТикТок, а деновиве ги изненади корисниците со видео од нејзиниот необичен подвиг. Видеото на 23-годишната девојка досега има над 4,5 милиони прегледи, а во него таа покажува инсерти од нејзиното патување од Лос Анџелес до Сеул, Јужна Кореја.

Наводно, Кеси и нејзиното поранешно момче биле во Сеул во 2019-та и тогаш оставиле љубовно катанче на популарна туристичка атракција. Тие го оставиле катанчето на кулата Namsan, каде што вљубените парови од целиот свет ја „заклучуваат“ нивната љубов.

tiktokerka-od-sad-patuvala-9-000-kilometri-za-da-go-otstrani-ljubovnoto-katanche-shto-go-ostavila-so-bivshiot-vo-seul-03.jpg

Видеото на Кеси почнува со кадар од авион, а потоа се гледа како Кеси купува клешти. Потоа се качува во градски автобус, па се упатува кон кулата и на крај почнува да го бара катанчето. И покрај тоа што на оградата има закачено илјадници катанчиња, Кеси успева да го најде тоа што го бара, па го отстранува со клештата.

tiktokerka-od-sad-patuvala-9-000-kilometri-za-da-go-otstrani-ljubovnoto-katanche-shto-go-ostavila-so-bivshiot-vo-seul05.jpg

tiktokerka-od-sad-patuvala-9-000-kilometri-za-da-go-otstrani-ljubovnoto-katanche-shto-go-ostavila-so-bivshiot-vo-seul-04.jpg

На младата девојка ѝ биле потребни 30 минути за да го лоцира нејзиното катанче.

Сепак, подоцна Кеси откри дека не заминала во Сеул само за да го отстрани катанчето. Наводно, девојката сака да започне кариера како танчарка во градот, а додека се подготвувала за патувањето се сетила на катанчето. Тогаш помислила дека би можела да направи забавно ТикТок видео со оваа необична мисија.

„Ова е релевантно за сите кои ме следат бидејќи сите биле во врска, раскинувале и можеби оставиле вакви катанчиња со бившите партнери“, вели младата девојка.

@kassieyeung

Snip snip? ##seoul ##seoultravel ##seoul_korea ##seoultower ##lovelock ##breakup ##petty ##korea ##breakuptiktok ##pettytiktok ##heartbreak

♬ Monkeys Spinning Monkeys - Kevin MacLeod

Во коментарите, повеќето луѓе го поддржуваат нејзиниот необичен подвиг и нагласуваат дека би сакале да го направат истото со катанчињата што ги оставиле со бившите.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка од Велика Британија за својот бизнис во Дубаи: „Изнајмувам луксузни јахти, 24/7 добивам пови... „Цените на изнајмување започнуваат од 100 евра до 6.000 евра на час, во зависнос...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Девојка во Бразил загина откако ја фрлија на банџи без јажиња за заштита – падна од 40m висина, 6 ос... На социјалните мрежи викендов вирално се ширea снимки од моментот кога неколку р...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Порано се срамела, сега гордо го покажува – Девојката со најширок јазик во светот Во детството ја исмејувале и луѓето постојано ѝ коментирале за широкиот јазик, п...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...

Најчитани неделава