Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Вирално видео: Несовесна мајка ја разгневи јавноста – си зборува на телефон додека нејзиното бебе лази кон прометна улица

Реакцијата на оваа мајка на која ѝ го вратија бебето пред воопшто да сфати дека залутало, наиде на низа критики и осудувања на социјалните мрежи. Бебето, како што тврди човекот што го нашол, било на бетонски скали што водат до доста прометна улица.

Viralno-video-go-nashle-bebeto-kako-lazi-kon-prometna-ulica-majkata-nezagrizena-si-razgovara-na-mobilen-i-si-uziva-na-plaza-01.jpg

Мајкл Курид и Лекс Хартоп одлучиле да одат на плажа во Кент, но не очекувале дека ќе бидат сведоци на настан од којшто ќе останат вчудоневидени. Имено, тие целата случка ја снимиле и ја објавиле на ТикТок.

Како што велат во видеото, бебето го нашле како лази по бетонски скали кон прометна улица. Мајкл (32) и Лекс (28) не можеле да го остават бебето така без надзор, затоа што забележале дека тоа е збунето. Па така, Мајкл го земал девојчето во раце и тргнал кон плажата да ги најде нејзините родители.

Viralno-video-go-nashle-bebeto-kako-lazi-kon-prometna-ulica-majkata-nezagrizena-si-razgovara-na-mobilen-i-si-uziva-na-plaza-02.jpg

„Поминавме покрај три или четири различни групи луѓе – по една група од двете страни на скалите и уште две други на плажата, односно околу 20 луѓе вкупно. Бебето мора да лазело долго и најверојатно или било игнорирано, или никој не го забележал“ – вели Лекс.

Viralno-video-go-nashle-bebeto-kako-lazi-kon-prometna-ulica-majkata-nezagrizena-si-razgovara-na-mobilen-i-si-uziva-na-plaza-03.jpg

Прво, Мајкл прашал еден човек во близина дали знае чие е бебето, а потоа заминал на плажата да го бара неговото семејство.

Но, она што ги разгневи сите кои го погледнале видеото е реакцијата на мајката кога ѝ го враќаат бебето. Таа одеднаш се појавува во кадарот на видеото, додека разговара на мобилен телефон, ја пружи раката и си го зема бебето, без да покаже каква било благодарност или да покаже загриженост. Потоа шутира топка кон другите луѓе од нејзината група и си заминува.

Viralno-video-go-nashle-bebeto-kako-lazi-kon-prometna-ulica-majkata-nezagrizena-si-razgovara-na-mobilen-i-si-uziva-na-plaza-04.jpg

Лекс и Мајкл велат дека останале потресени од инцидентот и додеаваат дека сакале да го споделат настанот со нивните пријатели и семејства, а не очекувале дека ќе стигнат до 1,8 милиони прегледи на ТикТок.

Освен тоа, не очекувале дека снимката ќе предизвика толку остри критики за реакцијата на мајката кога го нашла бебето.

Погледнете го видеото:

@lexhartop

tiktok took the original video down, you can’t see anyone’s faces, this deserves attention #lostbaby

♬ original sound - Lex Hartop

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„За малку можел да се спаси“ – Што знаеме за трагичната смрт на британскиот доктор во Грција? Британскиот доктор и водител Мајкл Мозли беше пронајден мртов на малиот грчки ос...
„Мајка ми живее со мене откако се породив, готви и се грижи да сум наспана - не сакам да си оди“ „Се будеше во 5:30 и почнуваше со својата рутина. За појадок ми правеше чај од ц...
Близнаци милијардери обвинети за силување: „Во една вечер ме нападнаа и двајцата“ Им подметнувале на девојките дрога, ги носеле сосила во нивниот стан или на заба...
Најубавиот Арап на светот: Тврди дека го протерале од Дубаи затоа што е премногу згоден, успеал да г... Со својата убавина „маѓепсува“ жени ширум светот. Со измама дошол до титулата „н...
Мами воздишки и во шестата деценија, ужива во улогата на баба - Која е најубавата кралица во светот? Никој не може ниту да претпостави дека родила 4 деца, а најубавата кралица во св...
19-годишна девојка за нападот од ајкула: „Ме зграпчи во плиткото, ја претепав со слободната рака“ „Еден голем дел од мојата рака го немаше. Мислев дека ќе ги загубам прстите и ра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg