Браќата Вилијам и Хари зближени како некогаш – заедно ја открија статуата на нивната мајка
- Детали
- четврток, 01 јули 2021
Принцовите Вилијам и Хари ги оставија несогласувањата зад себе, се обединија како во старите времиња и рамо до рамо како што доликува ја отскрија статуата на нивната мајка.
По повод 60-тиот роденден на покојната принцеза Дијана, денес свечено беше откриена нејзината нова статуа поставена во дворот на Кензингтонската палата.
Браќата Вилијам и Хари ги оставија настрана несогласувањата и покажаа дека семејството е на прво место.
Обединети како во старите времиња, рамо до рамо, принцовите заеднички ја открија статуата на нивната мајка.
?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1410624907424190470%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fpeople.com%2Froyals%2Fprince-harry-prince-william-unveil-princess-diana-statue%2F
На статуата, Дијана не е сама – до неа има три деца, кои според кралското семејство, ја отсликуваат универзалноста и генерациското влијание на работата на принцезата.
Стилот во кој е претставена Дијана на статуата е инспириран од периодот по разделбата со принцот Чарлс и од времето пред нејзината смрт.
„Денес, на денот кога нашата мајка ќе го славеше 60-иот роденден, се сеќаваме на нејзината љубов, сила и карактер – квалитети кои ја направија сила за доброто во светот, менувајќи безброј животи на подобро. Секој ден, посакуваме да беше уште со нас, а се надеваме дека оваа статуа ќе се смета за симбол на нејзиниот живот и наследство“ - стои во емотивната изјава на двајцата браќа.
Би можело да ве интересира:





