„Станувам во 5 наутро за да се дотерам пред да го однесам синот во училиште – зошто другите мајки ме критикуваат?“


„Станувам во 5 наутро за да се дотерам пред да го однесам синот во училиште – зошто другите мајки ме критикуваат?“

Повеќето мајки имаат проблем кога треба да станат рано за да ги однесат децата во училиште, но не и оваа мајка од Обединетото Кралство, која станува во 5 часот наутро за да се дотера пред да го однесе синот во училиште.

stanuvam-vo-5-chasot-za-da-se-doteram-pred-da-go-odnesam-sinot-vo-uchilishte-zoshto-drugite-majki-me-kritikuvaat-01.jpg

Рејчел Гарднер (37) вели дека надвор сè уште е темно кога таа станува во 5 часот и веднаш влегува под туш, за да се подготви да го однесе 7-годишниот син Нео Рае во училиште.

Најголемиот број мајки стануваат, ја чешлаат косата, се облекуваат и со тоа завршуваат со сопствените подготовки пред да ги однесат децата во училиште, но не и Рејчел.

stanuvam-vo-5-chasot-za-da-se-doteram-pred-da-go-odnesam-sinot-vo-uchilishte-zoshto-drugite-majki-me-kritikuvaat-02.jpg

За неа подготовката подразбира целосна шминка со хајлајтер, кармин, руменило и маскара. Понатаму, потребни ѝ се 20-тина минути за фенирање и за да се облече во облеката што внимателно ја избрала претходната вечер.

Таа вели дека конечно во 8 часот наутро чувствува дека изгледа пристојно за да се појави во јавност. Како што вели, за неа е ужасна помислата да се појави во пижами за да го фрли ѓубрето или да ја земе поштата.

stanuvam-vo-5-chasot-za-da-se-doteram-pred-da-go-odnesam-sinot-vo-uchilishte-zoshto-drugite-majki-me-kritikuvaat-03.jpg

„Станувам мошне рано за да се нашминкам и да направам фризура. Го будам синот, го вадам ѓубрето, средувам дома и снимам неколку тикТок видеа пред да стигнеме во училиште. Ако јас како самохрана мајка можам да го правам тоа, тогаш можат и другите луѓе“ – вели таа.

Додава дека високите потпетици и убавиот изглед прават да се чувствува самоуверено, но признава дека поради тоа често се соочува со критики од другите мајки. 

stanuvam-vo-5-chasot-za-da-se-doteram-pred-da-go-odnesam-sinot-vo-uchilishte-zoshto-drugite-majki-me-kritikuvaat-04.jpg

Таа напоменува дека иако другите сметаат дека таа се појавува само во луксузни изданија и е дотерана, шминката ја купува евтино, облеката е од втора рака, а на целиот изглед троши околу 40 фунти месечно (47 евра) и тоа заедно со професиналниот маникир.

„Сакам да бидам згодна мајка. Ако луѓето сакаат да бидат несредени, тоа е нивен проблем, но мене никогаш нема да ме видите како да ме исфрлила полава и без шминка.

stanuvam-vo-5-chasot-za-da-se-doteram-pred-da-go-odnesam-sinot-vo-uchilishte-zoshto-drugite-majki-me-kritikuvaat-05.jpg

Сметам дека ако син ми треба да носи униформа, тогаш и јас треба да изгледам паметно како него. Фактот што луѓето ме осудуваат затоа што сум дотерана и сакаат да ме засрамат покажува дека или се љубоморни или се полни предрасуди“ – вели таа.

Вели дека голем број од луѓето сметаат дека таа го става нејзиниот син на второ место, но тврди дека тоа не е така.

stanuvam-vo-5-chasot-za-da-se-doteram-pred-da-go-odnesam-sinot-vo-uchilishte-zoshto-drugite-majki-me-kritikuvaat-06.jpg

Рејчел е активна на социјалните мрежи, а нејзиниот син Нео Рае е дете модел. Тие заедно редовно објавуваат видеа на ТикТок и на Инстаграм, каде таа покажува како целата облека ја купува од продавници за облека од втора рака и мошне евтино.

Погледнете дел од нејзините фотографии и видеа:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка троши 1.000 долари месечно во салон за убавина каде си ги носи трите мали ќерки 33-годишна мајка ги носи трите малечки ќерки во салон за убавина еднаш неделно, ...
По 15 години синот на Стив Ирвин го храни истиот крокодил на истото место како татко му Роберт Ирвин од Австралија е достоен наследник на познатиот „Ловец на крокодили“...
Таа имала 14 години, а тој 18 кога станале родители за првпат - сега имаат 21 дете Откако открија дека на 13 години забременила за прв пат, најголемото семејство в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg