Тони отпад, скапи намирници: 18 факти за лошата страна на животот на Малдиви
Малдиви е на прво место по бројот на разводи во светот, затоа што мажите може едноставно да ја кажат својата желба да стават крај на бракот пред сведоци, без воопшто да се појават во суд, и потоа се сметаат за слободни. Државата сака да ја промени оваа пракса, но тешко оди.

Жените на 30-годишна возраст веќе имаат околу 3 неуспешни бракови, врските пред брак не се препорачливи, па затоа многумина прават венчавки уште на 18 години, само пред матичар.

Многу често разводите се должат на тешкотиите со работните места, односно често локалците работат во ресорти многу далеку од дома, а се враќаат кај семејството само на кратки одмори.

Мажите кои живеат далеку од семејството имаат дури и специјален израз за девојките кои ги наоѓаат на работното место и кои најчесто се од странство, а тоа е „островска девојка“.

На Малдиви никој не брза и решавањето на секој проблем е бавно, што знае да ги разочара странците, дури и славениците доцнат на своите родендени.

Островите на Малдиви се делат на приватни, оние на ресортите, и јавни, каде живеат локалци, и таму треба да се внимава на облеката, кога сте надвор од ресортот.

Најголем проблем е отпадот, односно туризмот прави островот да биде преплавен со отпадоци, постојано се бараат нови решенија.

Највисоката точка на Малдиви е 2.4 метри надморска висина, па секоја бура или цунами е огромна опасност за архипелагот, во ресортите насекаде има елеци за спасување.

Кога има најава за цунами туристите и локалците се алармирани да одат на највисоката точка на островот, што често е некое кафуле или друг тип на зграда.

Прочитајте и Влага на мебелот, лебарки: 16 факти за лошата страна на животот на Бали
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
„Живееме на трoпски остров со 100 плажи и 30˚C, но постои мрачна страна - бездомните кучиња“
„На Маурициус практично живееме надвор. И храната е неверојатна. Има многу штанд...
16 трогателни сцени од животот во Мумбаj (кои ежат и допираат до срце)
Деца со боси ноџиња среде монсунска бура, татковци кои од петни жили се борат за...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она...
Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“
Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники –...
„Се преселив во Дубаи, но што не ми се допаѓа од животот тука?“
Елби Хеншо од Велика Британија открива дека луксузниот град не е само забава и г...
„Лицето ми се деформира од паразит – си ги потрошив сите пари за да најдам лек, ми се уништи животот...
Американска ријалити ѕвезда вели дека „закачила“ паразит во Мароко што ѝ го дефо...