Мајка на две деца: „Отидов сама на роденденско патување, без семејството – луѓето ме нарекоа себична“

„Се соочив и со неколку поткренати веѓи, осудувачки коментари и прашања од типот 'нели чувствуваш вина што ги напушташ децата?', но одморот беше совршен. Се туширав со часови, без публика, спиев на огромен брачен кревет сама без прекин 12 часа, немаше звуци кои ме будат, ниту имав обврска да правам оброци некому или да перам.“

otidov-sama-na-rodendensko-patuvanje-bez-semejstvoto-lugjeto-me-narekoa-sebichna-01.jpg

Ејмер О'Хагeн oд Шкотска е мајка на две деца, која по повод својот 40-ти роденден одлучила дека сака да оди на одмор сама затоа што ѝ е потребно малку време за себе со базен, книга и коктел во рака. Таа за магазинот The Sun ја раскажа својата приказна.

Се поздравив со сопругот и двете деца и заминав во хотелот „Gleneagles“ во мојата држава.“, започнува Ејмар.

otidov-sama-na-rodendensko-patuvanje-bez-semejstvoto-lugjeto-me-narekoa-sebichna-04.jpg

„Тоа ми беше подарок за 40-тиот роденден од мене за мене. Прво мислев да правам голема забава, но поради короната се откажав од идејата.

Иако го обожавам своето семејство, не можев да си замислам подобар подарок од тоа да се тргнам малку од „џунглата“ и од обврските на мајка, која паралелно оди и на работа.

otidov-sama-na-rodendensko-patuvanje-bez-semejstvoto-lugjeto-me-narekoa-sebichna-05.jpg

Кога му ја кажав идејата на мојот сопруг Малколм бев нервозна, не сакав да го повредам, но тој ме изненади кога ми кажа дека мисли дека е одлична идеја.

Неколку дена по мојот 40-ти роденден, кога бев на вечера со сопругот и неколку пријатели, се спакував и заминав на роденденското патување.

otidov-sama-na-rodendensko-patuvanje-bez-semejstvoto-lugjeto-me-narekoa-sebichna-03.jpg

Бев возбудена кога тргнав. Знаев дека мојот сопруг и синовите ќе се забавуваат заедно и дека јас ќе имам целосна слобода.

Одморот беше совршен. Се туширав со часови, без публика, спиев на огромен брачен кревет сама без прекин 12 часа, немаше звуци кои ме будат, ниту имав обврска да правам оброци некому или да перам.

Сите избори си ги правев сама и овојпат не си ги ставав моите желби последни на листата, како што прават сите мајки.

otidov-sama-na-rodendensko-patuvanje-bez-semejstvoto-lugjeto-me-narekoa-sebichna-06.jpg

На поголемиот дел од моите пријатели реакцијата за моето патување им беше позитивна и инспиративна, но сепак се соочив и со неколку поткренати веѓи, осудувачки коментари и прашања од типот „нели чувствуваш вина што ги напушташ децата?“

Дури разговарав и со психолог за да ме смири дека не сум себична мајка и дека смеам да си го дозволам ова. Таа ми кажа дека иако ние луѓето сме социјални суштества, понекогаш ни е потребно време сами, па таков е случајот и со мене.

Дека ни треба време во мир за да ги процесираме нашите мисли и емоции.

И не се каам за одлуката.

По патувањето се вратив освежена, одморена, посмирена и посреќна. Времето што го минав сама одлично влијаеше на моето ментално здравје.

Имав можност да сопрам, да рефлектирам и да се ресетирам, без прекини и одвлекување на вниманието. Брилијантен подарок за сама себе.

otidov-sama-na-rodendensko-patuvanje-bez-semejstvoto-lugjeto-me-narekoa-sebichna-05.jpg

По многу месеци, се чувствував среќна и кога видов дека сопругот и синовите ме чекаат, сфатив дека им се враќа подобра верзија од мене и дека не сум како што бев кога заминав, односно не сум нетрпелива, безенергична, нетолерантна и иритирана.

Ова патување ми ги отвори очите и веќе собирам пари за патување сама за наредната година...

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Обучена е да ги заштити децата во терористички напад, забранет ѝ е еден збор - Која е дадилката на к... Многумина сметаат дека не постои подобра дадилка во светот од Марија Тереза и то...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
„Ќерка ми загина неколку дена пред 3-иот роденден, врз неа падна комода од 30kg – родители бидете по... „Се случи многу брзо и многу тивко. Се случи нешто незамисливо. Вината и срамот ...

Најчитани неделава