Како во ковчег: Најсиромашните луѓе во Хонгконг живеат во соби од 2 m² (фото)

Нехумани живеалишта каде едвај може да се легне или застане, а тоалетот и кујната се на исто место – се изнајмуваат по цена од 235 евра. Фотограф ја доловува застрашувачката реалност на најсиромашните во Хонгконг...

kako-vo-kovcheg-lugje-vo-hongkong-zhiveat-vo-sobi-od-2-m-foto-01.jpg

За многумина чувството да се биде закопан жив е едно од најзастрашувачките, но за илјадници луѓе во Хонгконг тоа е секојдневие и реалност.

Тие живеат во соби од 2 m², кои изгледаат како ковчези.

Со огромна популација од 7.5 милиони на мал простор, во Хонгконг кириите и цените на становите растат до небо, па затоа некои луѓе од најсиромашните слоеви во оваа држава живеат во нехумани услови.

Сопствениците на голем простор го делат на мали и ситни единици, каде и кујната и тоалетот се речиси на едно место, и потоа ги изнајмуваат.

Само фотографиите од овие „станбени единици“ ќе направи да добиете чувство на гушење.

kako-vo-kovcheg-lugje-vo-hongkong-zhiveat-vo-sobi-od-2-m-foto-02.jpg

Иако просторот е премал и едвај можете да застанете, се изнајмува за околу 235 евра.

Фотографот Бени Лам во серијалот наречен „Trapped“ ги прикажува овие нехумани живеалишта.

Тој вели: „Единствената разлика помеѓу нас и нив се нивните домови. Ова е прашање на човеково достоинство.“

Како изгледаат овие живеалишта:

kako-vo-kovcheg-lugje-vo-hongkong-zhiveat-vo-sobi-od-2-m-foto-04.jpg

kako-vo-kovcheg-lugje-vo-hongkong-zhiveat-vo-sobi-od-2-m-foto-07.jpg

kako-vo-kovcheg-lugje-vo-hongkong-zhiveat-vo-sobi-od-2-m-foto-06.jpg

kako-vo-kovcheg-lugje-vo-hongkong-zhiveat-vo-sobi-od-2-m-foto-05.jpg

kako-vo-kovcheg-lugje-vo-hongkong-zhiveat-vo-sobi-od-2-m-foto-03.jpg

Прочитајте и Како во кафез: Луѓе во Јужна Кореја живеат во соби од 4 m² (фото)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
Вознемирувачки сцени: 12 фото-докази од Скопје и светот, во какво лудо време живееме Светот како пред очи да ни оди во неповрат, а ние навистина живееме во лудо врем...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...

Најчитани неделава