Кои се најгледаните видеа на ТикТок за 2021 година? (видео)

Најгледаното видео на ТикТок во 2021-ва има 314 милиони прегледи. На видеото снимено од дрон се гледа момче кое изведува забавен танц на хитот на Џастин Бибер - Stay.

kuche-shto-slika-trikovi-za-fotografiranje-koi-se-najgledanite-videa-na-tiktok-za-2021-godina-video-01.jpg

За релативно краток период, ТикТок се претвори во една од најкористените социјални мрежи, а најпопуларните корисници имаат по милиони прегледи на нивните видеа.

Всушност, повеќето вирални видеа во последно време се токму од ТикТок.

„Има нешто посебно кај разновидната глобална заедница на ТикТок што луѓето не можат да го најдат на друго место. За нас, 2021-ва беше година на поврзување и видовме како луѓето на ТикТок заедно се смеат, нè забавуваат, почнуваат културни феномени и нè учат на нови нешта.

Неверојатно е да се гледа длабочината на забавната содржина и креативноста на оваа заедница“, вели Ванеса Папас, дел од лидерскиот тим на платформата.

И, навистина, овде можете да најдете видеа со танцување и готвење, видеа од едукативен карактер и бројни видеа направени само за забава.

Неодамна, платформата сподели и кои се најгледаните ТикТок видеа за 2021 година, а на листата има од сè по нешто.

Најгледаните видеа на ТикТок за 2021 година со бројот на прегледи до објавувањето на листата:

Танцување на Stay од Џастин Бибер и The Kid LAROI – 314,1 милиони прегледи

На видеото направено со дрон се гледа тиктокерот ToTouchAnEmu како танцува на хитот на Џастин Бибер. Откако го сподели видеото, тоа стана вирално практично преку ноќ.

@totouchanemu

I may not have @maxtaylorlifts dumpy but I do have a drone.

♬ STAY - The Kid LAROI & Justin Bieber

Слатка верверичка – 270,4 милиони прегледи

Видеото е споделено од профил посветен на неколку слатки верверички каде што редовно се споделуваат слични видеа.

На видеото се гледа верверичка која јаде лешници, односно ги складира во нејзината уста.

@chipmunksoftiktok

Fill the cheeks Squishy, fill the cheeks #fyp #animals #nature #cuteanimals #squishy #chipmunk

♬ original sound - Chipmunks of TikTok

Трикови за фотографирање – 238,8 милиони

ТикТок стана еден од главните извори на видеа со туторијали, особено за фотографирање.

Видеото на тиктокерот YounesZarou е туторијал со кој покажува како да направите забавен портрет со портокали.

@youneszarou

What’s your favourite fruit? #yzfamily #tutorial #fürdich #fyp

♬ Yummy - Justin Bieber

Организирање на домот – 205,8 милиони прегледи

Овојпат не станува збор за идеи на организација на домот, туку, едноставно, видео кое покажува како тиктокеркта Кетрин Бенсон ги реди намирниците во домот.

Поради некоја причина, видеата со ваква содржина се многу популарни, веројатно бидејќи имаат релаксирачки ефект.

@_catben_

Random restocks & refills around the house??? #refill #restock #organizedhome #momlife #thisandthatwithcat #asmr

♬ original sound - Catherine Benson

Куче што слика – 184 милиони прегледи

Кога ќе го погледнете видеото, ќе ви стане зошто е едно од најгледаните. Зарем некогаш имате видено куче кое може да наслика цвет?

@my_aussie_gal

Secrets first flower!?

♬ everything sucks - vaultboy

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Јас сум експерт за интимни односи и сум спиела со повеќе од 400 клиенти - Како изгледа мојата работ... „Мојот прв клиент беше неверојатна личност која цел живот се чувствувала многу с...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Застрашувачка сцена: Огромна лавина се движи кон скијачи во ски-центар во Италија (видео) На драматична снимка се гледа како се формира снежна лавина во ски центар во Ита...
„Лицето ми се деформира од паразит – си ги потрошив сите пари за да најдам лек, ми се уништи животот... Американска ријалити ѕвезда вели дека „закачила“ паразит во Мароко што ѝ го дефо...

Најчитани неделава