Грција, Италија: Како ќе изгледаат земјите низ светот ако не го спречиме глобалното затоплување?

Глечерите ќе се стопат, сите крајбрежни дестинации ќе бидат под вода, а живите суштества во морињата и океаните нема да ја преживеат зголемената температура на водата.

poplavi-i-surovi-uslovi-za-zhivot-kako-kje-izgledaat-poznatite-destinacii-ako-ne-go-sprechime-globalnoto-zatopluvanje-01.jpg

Човештвото е соочено со можеби најголемиот предизвик досега – глобалното затоплување и климатските промени.

Глобалното затоплување се однесува на зголемувањето на просечната температура на Земјата, најмногу поради зголемената емисија и концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата.

Климатските промени, пак, се однесуваат на зачестените промени на климатските услови, како врнежи, бури и просечна температура.

Што значи, глобалното затоплување е само една последица од климатските промени кои веќе се случуваат.

Бидејќи животот на Земјата се адаптирал со милениуми, наглата промена на условите на коишто е навикнат ќе имаат страшни последици.

Ќе има сè помалку храна за многу животни, промените на температурата на водата во океаните, како и концентрацијата на сол, ќе бидат погубни за водните суштества, а сето ова значи намалени ресурси и за нас луѓето.

Друг сериозен проблем се и поплавите што можат да ги снајдат сите крајбрежни дестинации ако нивото водата во океаните се зголеми.

Како ќе изгледа Земјата ако наскоро не преземеме нешто?

Санкт Петербург, Русија

Големиот корален гребен, Австралија

Зголемувањето на температурата на водата, но и промената на концентрацијата на сол поради топењето на глечерите, ќе биде погубно за водните суштества кои нема да бидат адаптирани на новите услови.

Мумбај, Индија

Антарктик

Топењето на „вечниот мраз“ ќе го промени изгледот на нашата планета.

Рио де Жанеиро, Бразил

Сите крајбрежни места, како Рио де Жанеиро, ќе се најдат под вода.

Амазонската дождовна шума

Шумите во Амазон веќе се сечат неконтролирано, а во комбинација со климатските промени, последиците ќе бидат катастрофални.

Хавана, Куба

Глечерот Pastoruri, Перу

Ова е еден од малкуте глечери кои останаа во тропските области на Јужна Америка, а најверојатно наскоро ќе исчезне и тој.

Прочитајте повеќе:  Зошто експертите се загрижени за топењето на глечерите и колкава штета предизвикува ова?

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Јас сум експерт за интимни односи и сум спиела со повеќе од 400 клиенти - Како изгледа мојата работ... „Мојот прв клиент беше неверојатна личност која цел живот се чувствувала многу с...
На 19 години зборува над 5 јазици, ќе го изгуби престолот ако добие брат: Која е Леонор, идната крал... Постарата ќерка на кралот Фелипе и кралицата Летиција од Шпанија веќе активно се...
Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
Викторија Бекам ја „соголи“ душата во документарец: „Ме мереа колку сум ослабела по раѓањето на Брук... „Не ми се допаѓаше тоа што го гледам во огледало. Дали сум дебела? Не сум доволн...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...

Најчитани неделава