Што се гуглаше најмногу во 2021: Вакцини, криптовалути и прашања од типот „како да закрепнам“? (видео)

„Во годината која тестираше многумина, луѓето пребаруваа ’како да закрепнам‘ почесто од кога било – тие наоѓаат начин да се вратат посилни од претходно“.

kako-da-zakrepnam-koga-mozhe-da-si-go-vidam-semejstvoto-kako-da-ja-spasam-planetata-shto-guglavme-najmnogu-vo-2021-godina-video-01.jpg

Пред крајот на секоја година, од Гугл објавуваат моќно видео со кое откриваат кои теми се пребарувале почесто од вообичаено во изминатата година.

Додека лани луѓето се прашуваа зошто има пожари и природни катастрофи, зошто имаат ментални проблеми и слично, годинава се чини дека сите пробуваат да станат подобри личности.

Според видеото, луѓето се подготвени да закрепнат од сите лоши моменти од изминативе година-две бидејќи некои од најчестите пребарувања се фокусирани на токму тоа – како да водат подобра грижа за себе и своето ментално здравје.

Истовремено, многумина пребарувале како да соберат храброст да го покажат своето вистинско лице, како повторно да се вратат на нозе, но и како да останат силни пред предизвиците со коишто допрва ќе се соочат.

Но, годинава луѓето не се фокусирале само на себе – многумина пребарувале како да им покажат сочувство и емпатија на саканите, како да им оддадат почит, како да ѝ помогнат на планетата, на нивната заедница, но и на луѓето кои се жртви на секаква дискриминација.

„Во годината која тестираше многумина, светот пребаруваше 'како да закрепнам' повеќе од кога било. Без разлика дали станува збор за грижа за менталното здравје, оддавање почит на сакана личност или обединување со семејството, луѓето наоѓаат начин да се вратат посилни од претходно“, стои во описот на видеото.

Гугл споделува и листа со најпребарувани термини од разни области:

Најпребарувани термини:

1. Австралија vs. Индија

2. Индија vs. Англија

3. Индиска премиер лига

4. НБА

5. Европско првенство 2021

Најпребарувани вести:

1. Авганистан

2. AMC берза

3. Вакцина против ковид

4. Dogecoin

5. GameStop берза

Најпребарувани актери/ки

1. Алек Болдвин

2. Пит Дејвидсон

3. Арјан Кан

4. Џина Карано

5. Арми Хамер

Најпребарувани филмови

1. Eternals

2. Black Widow

3. Dune

4. Shang-Chi and the Legend of the Ten Rings

5. Red Notice

Најпребарувани серии

1. Squid Game

2. Bridgerton

3. WandaVision

4. Cobra Kai

5. Loki

Целата листа можете да ја погледнете ТУКА.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Шатори, конзерви, па и човечки измет од несовесни планинари: Највисокиот камп на Монт Еверест претво... „Она што треба да биде едно од најубавите места на планетата стана едно од најгр...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
„Мислев дека сум посвоена бидејќи мајка ми починала – дознав дека ме купиле на црно“ Канаѓанката Дијана знаела дека нејзината биолошка мајка починала кога била дете,...
Страв од сериски убиец во Мексико – Убиени се 3 жени на слична возраст, ги нашле полусоблечени, токм... Во туристичкиот град Пуерто Ваљарта, во период од само 11 дена биле пронајдени т...

Најчитани неделава