Мажи кои чистат, готват и се „фантазија на секоја жена“ – календар од 80-тите стана хит на Твитер (фото)

Во 1988 година, една жена и нејзините сестри направиле забавен календар со фотки од згодни мажи кои завршуваат разни домашни обврски. Календарот е насловен „Фантазијата на секоја жена“ и сега, три децении подоцна, стана хит на Твитер.

mazhi-koi-chistat-gotvat-i-se-fantazija-na-sekoja-zhena-zabaven-kalendar-od-1980-tite-stana-hit-na-tviter-foto-01.jpg

Корисник на Твитер сподели календар што го направила неговата мајка заедно со нејзините сестри уште во 1980-тите, но кој дефинитивно ќе им се допадне и на модерните жени.

Календарот е насловен „Фантазијата на секоја жена“ и го сочинуваат фотографии од мажи кои завршуваат разни обврски низ домот – од чистење на тоалетната школка, до сортирање на испраните чорапи.

mazhi-koi-chistat-gotvat-i-se-fantazija-na-sekoja-zhena-zabaven-kalendar-od-1980-tite-stana-hit-na-tviter-foto-02.jpg

На првата страница, има и забавен опис за фотките во календарот:

„Вистински мажи прават работи што вистинските жени посакуваат да ги прават…“

mazhi-koi-chistat-gotvat-i-se-fantazija-na-sekoja-zhena-zabaven-kalendar-od-1980-tite-stana-hit-na-tviter-foto-03.jpg

Нормално, календарот брзо стана хит на Твитер, па објавата на корисникот досега е споделена над 15.000 пати, а има повеќе од 60.000 допаѓања.

„Во 1988 година мама и нејзините сестри направија календар што го крстија 'Фантазијата на секоја жена' и сигурно сакате да ги видите фотографиите“.

Корисникот објаснува дека дел од моделите на фотографиите ги нашле случајно во парк, а потоа ги замолиле да позираат како извршуваат домашни обврски кои обично се товар на жените. Исто така, биле ангажирани и неколку професионални модели.

mazhi-koi-chistat-gotvat-i-se-fantazija-na-sekoja-zhena-zabaven-kalendar-od-1980-tite-stana-hit-na-tviter-foto-09.jpg

Тој открива и дека мајка му и нејзините сестри го раздавале календарот бесплатно и иако можеби тогаш не бил популарен, сега, 30-тина години подоцна, нивниот проект е вистински хит.

Останатите фотографии од календарот:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сите љубовници на Адолф Хитлер - Бирал двојно помлади девојки, една му родила син, внуката се убила ... Приказната за љубовта на Адолф Хитлер и Ева Браун е позната на сите, но малкумин...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...
„Таа е убава, но фустанот...“ - Ирина Шајк доби критики за стајлингот на US Open, но баланс направи ... „Овој фустан не е соодветен за ваков настан“ е само еден од осудувачките комента...
„Ќе се венчам сама со себе по развод и неколку неуспешни врски – си купив и свршенички прстен“ „Кога им кажав на блиските, мислеа дека сум полудела, што беше очекувано. Но, шт...
Трогателна исповед на маж жртва на семејно насилство: „Не ми даваше да јадам, се закануваше дека ќе ... Маж од Англија го споделува своето потресно искуство со поранешната партнерка ко...
Се онесвестуваат, плачат: Тајландската лотарија за служење војска стана вирална (видео) Во Тајланд секоја година се одржува лотарија за служење војска. Мажите на возрас...

Најчитани неделава