„Сопругот е 23 години постар од мене - се вознемирувам кога ми велат дека сум со него заради парите и визата“
- Детали
- сабота, 22 јануари 2022
„Луѓето велат дека сум со него заради неговите пари и дека ако тој бил обичен чиновник или хигиеничар немаше да бидам со него“ – раскажува 31-годишната Русинка која се вљубила во својот 23 години постар партнер уште додека била студентка, а сега со него е во брак.
Александра Синјавскаја (31) била во врска со Антонио Скузарела (54) со прекини од 2014-тата година, а во 2021-та година стапиле во брак. Сепак, иако се вљубени еден во друг, често се наоѓаат во ситуација кога треба да се оправдуваат за сопствената врска и да се бранат од осудувањата од средината.
Таа за медиумите ја раскажува нивната необична љубовна приказна која започнала пред речиси осум години во Италија.
Русинката во 2014-та година работела во кафуле во Торино, а Антонио бил редовен посетител во објектот, што се наоѓал во непосредна близина на неговото работно место. Антонио бил мошне упорен во додворувањето, па така почнале да се гледаат.
Првиот пат, по само два месеци забавување тие се разделиле затоа што Александра одлучила дека не е доволно зрела за сериозна врска.
Откако ги завршила студиите, таа се вратила во Москва, но со Антонио продолжиле да се допишуваат и останале во пријателски односи.
Во февруари 2020-та година, пред избувнувањето на светската пандемија, Александра, која во тој период живеела и работела во Чешка, почнала почесто да се допишува со Антонио и одлучиле заедно да одат на патување во Барселона.
„Во февруари 2020-та одлучивме да одиме во Шпанија заедно како пријатели затоа што тој добро ја познава земјата, а јас отсекогаш сакав да одам таму.
Купивме билети и направивме планови за заедничко патувања пред да почне пандемијата и пред Италија да ги затвори границите.
Потоа тој инсистираше да одам сама, но јас не прифатив и така останавме дома, тој во Италија, а јас во Чешка, каде што живеев“ – раскажува Александра.
За време на карантинот тие разговарале секој ден на интернет, а во септември 2020-та таа одлучила да се пресели во Торино за да живеат заедно.
Во тој период Александра останала бремена, но за жал го загубила бебето во петтиот месец од бременоста.
„Така сфативме дека сакаме да бидеме заедно, да стапиме во брак и да започнеме семејство“ – вели таа.
Во февруари 2021-та таа по вторпат останала бремена, но во 7-мата недела повторно имала спонтан абортус. Тие се вериле во јуни 2021-ва година, а во декември стапиле во брак.
Александра и Антонио се вљубени еден во друг, но често им се случува да добиваат невообичаени погледи и коментари од луѓето што ја осудуваат нивната генерациска разлика, а непристојни коментари добиваат и од нивните пријатели.
„Луѓето велат дека сум со него заради неговите пари и дека ако тој бил обичен чиновник или хигиеничар немаше да бидам со него“ – вели таа.
Девојката појаснува дека дури и на пријателите на Антонио им требало време за да сфатат дека таа навистина го сака и не е со него заради парите или визата за престој во Италија.
„Некои од моите пријатели, пак, не разбираат зошто не сум со некој позгоден маж на моја возраст.
Кога сме излезени луѓето често ме прашуваат дали тој ми е татко и мора да им објасниме дека сме во брак.
На почетокот беше смешно, но по кратко време почна да ме вознемирува“ – вели таа.
Инаку, ова не е прва врска на Русинката во која таа е значително помлада од партнерот. Таа и претходно имала врски со повозрасни мажи: на 16 години се гледала со 26 годишно момче, а пред да го запознае Антонио била во врска со 19 години постар маж.
„Сакам мажи што знаат како да живеат, кои се искусни, кои го пропатувале светот и знаат кои се“ – ја завршува својата приказна.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





